Во последните седум дена астероид со големина на станбен блок и три помали вселенски објекти поминаа покрај Земјата, што претставува последен во редицата докази дека живееме во Сончев систем кои некои научници го нарекуваат „вселенско стрелиште“.Сите четири астероиди се појавија меѓу 4 и 10 март и сите се откриени овој месец, некои само неколку дена пред да поминат.Најголемата вселенска карпа се појави во саботата, а станува збор за астероидот 2013ET кој пролета на околу 750.000 километри од Земјата. Беше широк 80 метри и помина на оддалеченост 2,5 пати поголема од онаа меѓу Земјата и Месечината.„Најстрашна работа е тоа што за него немавме поим“, изјави Патрик Паолучи од Slooh Space Camera и додаде дека дури на 3 март бил откриен од стручњаците на универзитетот во Аризона.Исто така, во саботата, помалиот астероид 2013EC20 помина поблиску до Земјата, на околу 150.000 километри, што е помалку од половината растојание меѓу Земјата и Месечината. Беше широк седум метри.Доколку астероидот 2013ET удреше во Земјата, би уништил еден голем град, изјави инженерот Пол Кокс, кој астероидот го набљудувал со телескоп од Канарските острови додека профуче покрај Земјата со брзина од 42.000 километри на час.Дожд од астероиди уследи по само неколку недели откако астероидот широк 17 метри експлодираше над Русија на 15 февруари со сила од 500 килотони, повредувајќи повеќе од 1.200 жители на Чељабинск и причинувајќи голема материјална штета.„Ова е повик за тревога на владите. Знаеме дека Сончевиот систем е многу прометен. Не сме сами на оваа наша сина точка во вселената“, предупреди Кокс.Двата најмали астероиди кои на почетокот на мај поминаа близу Земјата беа 2013EC и 2013EN20, првиот широк 12, а другиот седум метри.
МакфаксВо последните седум дена астероид со големина на станбен блок и три помали вселенски објекти поминаа покрај Земј