· Победија три модели: Audi А1, Audi А3 кабриолет и Audi А6 · „Трофеј за квалитет” уште една награда за Audi за исклучителен квалитет и безбедностЧетири трофеи за четирите прстени: Audi освои четири награди на овогодинешните награди „Авто Трофеј”. По 26-ти пат „Auto Zeitung” ги покани своите читатели да гласаат за најдобрите автомобили во повеќе категории.
103 074 читатели ја искористија можноста да го дадат својот глас. Audi А1, Audi A3 кабриолет и Audi А6 триумфираа во своите категории.
Читателите можеа да избираат меѓу 400 автомобили во 29 категории. Audi А1 победи во категоријата компактен автомобил со освоени 32,1% од гласовите, Audi А6 победи во категоријата големи автомобили со освоени 16,5% од вкупниот број гласови, додека пак Audi А3 кабриолет со 29% од гласовите победи во категоријата кабриолети. Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа вечера вечер во „Classic Remise“ центарот во Дизелдорф . Проф. Руперт Штадлер , претседател на управниот одбор на AUDI AG, д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор на AUDI AG за технички развој и Лука де Мео, член на управниот одбор на AUDI AG за продажба и маркетинг ги подигнаа наградите во име на брендот со четири прстени.
Audi освои уште една значајна награда „Трофеј за квалитет”. Вернер Цимерман, шеф на одделот за квалитет во Audi, ја подигна наградата. „Трофеј за квалитет” е наградата која ја доделуваат „Auto Zeitung ” и здружението за технички надзор „GTU – Gesellschaft für Technische Überwachung“, со цел да се истакнат автомобилите кои се исклучително квалитетни и целосно безбедни.Четири трофеи за четирите прстени: Audi освои четири награди на овогодинешните награди „Авто Трофеј”. По 26-ти п