ЧЕТИРИ ДЕНА ПОСЛЕ ПОГРЕБОТ: Проговори и наставничката на Тијана

Посмртниците со ликот на убиената Тијана Јуриќ во Суботица  ги потсетуваат минувачите на грозоморното злосторство, и на петнаесет годишното девојче кое го оплакува  Србија. Во куќата на  баба и и дедо и на Тинјана во Бајмок локалните жители се уште навратуваат. Сочувствуваат со семејството, и се уште не прифаќаат дека девојчето го нема. Немо ја гледаат портата и очекуваат  дека Тијана ќе ја отвори.Граѓаните и понатаму одат на местата каде беа палени  свеќи, застануваат, плачат и оние кои никогаш не ја сретнале, а гробот на Тијана  вчера го посетија нејзините најблиски.
Меѓу оние на кои им е најтешко бидејќи Тијана веќе не е со нив, е и  Софија Симиќ, нејзината воспитувачка од градинка и сосетка. Едвај кажува дека се сеќава на секое дете на кое му била воспитувач, но Тијана за неа била посебна.
– Не беше наметлива, подеднакво се дружеше со сите. Беше одговорна и таква остана. Кога ќе  им даде задача, Тијана секогаш се трудеше се да биде совршено, секогаш го даваше максимумот од себе – вели Софија Симиќ.
За младите од Бајмок, вели дека не се роднини, но се поврзани еден со друг како да се една фамилија, а таа беше дел од нив.
И наставничката по техничко образование има само пофални зборови:

 
– Не знам што да каам ама не престанувам да плачам. Пред два дена се вратив од одмор и веднаш ме шокираше веста за Тича. Беше најдобро и најнежно дете. Толку беше добро девојче, што не можам да најдам зборови со кои би можела тоа да ви го доловам. Кога  ја скршивногата, таа беше во мојата куќа, се подготуваме за натпревар од технички, и уште ми е пострашно поради тоа, бидејќи таа тогаш  беше до мене, во мојот стан. Таа ми го донесе текстот и сакаше да ме види. Таква смрт, никој не заслужува, а најмалку тоа нежно и прекрасно суштество. Имавме близок однос, се сретнавме во Сегед и си мавтавме една на друга како да сме се сретнале во Австралија. Таа беше со мајка и и сестра и, си кажавме што сме си купиле,  ми рече задолжително да одам во Темишвар, бидејќи таа била. Каде и да патувавме, една на другаси кажувавме и разговаравме за тоа. Ја прашав каде  сака да се запише, а таа ми рече: „Уф наставничке, не знам јас би сакала две школи, а многу сакам етно – пеење“.Животот беше пред неа – вели Даниела СантраќРошкоГраѓаните и понатаму одат на местата каде беа палени  свеќи, застануваат, плачат и оние кои никогаш не ја сретнале, а гробот на Тијана  в

Пронајдете не на следниве мрежи: