Четири девојки признаа: Како изгледаа нашите најлоши сексуални искуства

Сексот во теорија звучи супер, но како што често се случува, теоријата и праксата не се секогаш  еднакви. Скоро на секоја од нас ѝ се случило тоа типот со кој сте во врска некое време да биде многу лош во кревет или  да се најдете во некоја непријатна ситуација. Четири девојки се одлучиле да ги споделат своите искуства.„Моето најлошо  сексуално искуство беше со фраер кој едноставно премногу се возбуди и сврши  пред и воопшто да почнеме. Не е проблем доколку се случи еднаш, но доколку се  случи пет пати по ред, тогаш повеќе не е смешно. Раскинавме откако два месеци се обидувавме  сепак прво малку да се „играме“, но ниту еднаш не успеавме“, Ивана (27).

„Имав момче кое многу се потеше. Кога ќе кажам доста, мислам навистина доста- за време на секс, од главата му кажеше пот и имав чувство како по мене да паѓа дожд. Го толерирав тоа колку што можев, но кога ми падна капка пот во окото, знаев дека е крај“, Ана (23).

 
„Не знам дали  ќе се важи ова како сексуално искуство, бидејќи не дојде до секс, но дефинитивно е најлошата средба со пенис кој некогаш сум го имала. Мојот поранешен дечко не се држеше многу по хигиена, а еднаш се одлучив да го изненадам па го одвлеков во подрумот од зградата и почнав да му ги раскопчувам панталоните. Кога му ги соблеков боксериците, низ целата просторија почна да се шири  толку непријатна миризба што и самиот рече: ‘Немој, не го измив’. Беше ужасно и го откачив набрзо потоа“, Ива (24).

„Мојата приказна можеби не звучи толку  грдо, бидејќи им се случува на сите- за време на секс неочекувано добив циклус, но тоа не беше проблемот. Проблемот беше во тоа што сепак одлучивме да имаме секс на брзина во куќата на неговата баба“, Марина (25).„Моето најлошо  сексуално искуство беше со фраер кој едноставно премногу се возбуди и сврши  пред и воопшто да почнеме. Не е пробле

Пронајдете не на следниве мрежи: