Нормално е од време на време да бидете под стрес ако работата постојано ве тера да сте напнати. Исто така е можно да страдате од хроничен стрес.Според American Psychological Association, овој тип стрес е постојан и трае долго време. Може да влијае на човечката психа и физички изглед. Хроничниот стрес го зголемува ризикот од појава на осип, како и проблеми со спиењето, депресија, висок крвен притисок, срцеви болести, а исто така и рани знаци како овие:
1. Мускулни треперења
Набљудувајте кога малите мускули почнуваат да треперат или да се грчат како резултат на стресот. Може да се случува по рамената или глуждовите, но исто така и на мускулите на лицето, особено кога сте нервозни. Во овој случај е важно да се смирите и да го релаксирате максимално своето тело.
2. Акни
Стресот може да не ја испровоцира директно појавата на акни – она што го правите, меѓутоа, во моменти на тензија, води до овој резултат. Кога луѓето се под психолошки или физички стрес тие не јадат добро. Не се наспиваат исто така. Преуморни можете да заборавите да ја отстраните шминката пред спиење. Следниот пат кога секојдневниот живот ќе ве натовари со безброј обврски, направете напор да забележите како ви се менуваат навиките.
3. Воспаленија на кожата
Обично се црвени и се појавуваат одеднаш по кожата, предизвикуваат непријатна болка. Стресот е еден од главните фактори кои провоцираат овој тип на појава. Тие можат да се задржат до 6 недели. Советуваме да одделите повеќе време за одмор, да започнете да вежбате, да се занимавате со омиленото хоби со цел да се смирите од стресот на работното место.
4. Паѓање на косата
Д-р Даниел К. Хол-Флавин, смета дека постојат три состојби на паѓање на косата кои се должат на хроничен стрес. Во секој случај е пожелно да направите промени во начинот на живот, кои ќе ја подобрат вашата самодоверба. Не е воопшто лоша идеја да се консултирате со лекар.Според American Psychological Association, овој тип стрес е постојан и трае долго време. Може да влијае на човечката психа и физички изглед. Хронич