недела, 29 ноември 2026
Најново

Четири години од обидот на СДСМ насилно да се блокираат институции и сруши државниот поредок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ни по четири години, граѓаните не ја забораваат сликата од 24 декември кога беше спречено насилно блокирање и уривање на државниот поредок и блокада на институциите. Граѓаните ни по четири години не го заборваат сценариото на СДСМ во обид да се блокираа носењето на буџетот, односно исплатата на пензиите, платите, социјалната помош.Со дрско и насилно однесување на пратениците на СДСМ беше оневозможена работата на законодавниот дом, а беше извршен и напад врз институцијата Претседател на Собранието на Република Македонија. Опозициските пратеници се обидуваа со секакви сценарија за наводно насилство врз нив да ја блокираат работата во Парламентот и носењето на буџетот за 2013 година, додека снимките покажуваат поинаква реалност.

Дрско однесување, навреди, кршење и оштетување на инвентар, удирање на собраниското обезбедување, узурпација на местото претседател беа дел од сцените на опозициските пратеници.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Истовремено, надвор пред Собранието полициските екипи се обидуваа да го одржат редот и мирот.

Насилничкото однесување резултираше со пробивање на полицискиот кордон од членови и симпатизери на СДСМ, а меѓу нив место најдоа и тогашниот лидер на партијата Бранко Црвенковски и сегашниот Зоран Заев.

Со дрско и насилно однесување на пратениците на СДСМ беше оневозможена работата на законодавниот дом, а беше извршен и напад врз институцијата Прет

Поврзани вести