Четири години од смртта: На кого толку му пречеше Гадафи?

Резултатите од рушењето на либискиот претседател Моамер Гадафи, се пораст на исламизмот и бегалската криза кои ја дестабилизираат Европа. Архивите на Триполи укажуваат дека, покрај британските служби, со разузнавачките служби на Гадафи соработувала и ЦИА.Поминаа четири години од моментот кога светот во живо го следеше мачењето и убивањето на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи. Постоеше нешто ритуално во ова изживување врз човек кој четириесет години беше недопирливиот „врховен водач“ на Либиска Џамахирија.
Со овој симболичен акт беше завршена казнената експедиција на Западот, чија цел беше не само да го тргне Гадафи од власт, туку и да го спречи да ги издаде тајните кои ги делеше со домаќините од Елисејската палата и Даунинг стрит. Некои од овие тајни сепак го пронајдоа патот до јавноста.
Меѓу документите кои беа пронајдени во зградата на либиската влада, беше и писмото на Тони Блер адресирано до полковникот Моамер Гадафи од 2007 година, во кое британскиот премиер се заблагодарува за „одличната соработка“ помеѓу разузнавачките служби од двете земји во борбата против тероризмот. Тоа беше време кога Велика Британија ѝ помагаше на Либија да им влезе во трага на либиските опозиционери кои беа киднапирани и вратени назад во Триполи заедно со семејствата, каде што беа затворени и мачени.
Писмото кое почнува со блиското „Драг Моамер“ и завршува со „Најдобри желби, секогаш твој Тони“, се наоѓа меѓу документите кои се во рацете на правниот тим од Лондон. Поранешните политички опоненти на Гадафи сакаат да го тужат Блер поради помошта која на либискиот водач му ја пружале британските разузнавачки служби МИ5 и МИ6 за да им влезе во трага.
Во непризнаената биографија на Дејвид Камерон, која е најавена како „најексплозивна политичка книга на деценијата“, се наведува дека Блер се обидел да го спаси Гадафи пред бомбардирањето на Либија, но тогашната влада на чие чело беа конзервативците, одлучи дека неговата егзекуција е од голем интерес.

И француската влада имала причини за вечно да го замолчи. Никола Саркози тогаш најмногу се истакна во хушкањето против лошиот диктатор кој ги крши човековите права, на што „цивилизираниот свет“ нема друга опција освен да одговори со бомбардирање. После испадна дека Гадафи ја финансирал неговата претседателска кампања во 2007 година и искеширал 50 милиони евра, што го докажа и истрагата која ја водеше угледниот француски информативен сајт „Медијапарт“.
Поддршката на Гадафи кон Саркози била договорена на состанок во кој учествувале двајца блиски соработници на либискиот претседател и францускиот министер Брис Ортефе, пријател на Саркози и човек од доверба. Во сѐ уште неразјаснетите околности за убиството на Гадафи, се спомнува и можната вмешаност на француските разузнавачки служби.
Италијанскиот весник „Кориере дела сера“, во 2012 цитираше дипломатски извори од Триполи, кои навеле дека либискиот претседател го убил странец, најверојатно Французин. Според истиот извор, францускиот агент бил во толпата луѓе кои успеале да дојдат до Гадафи и го застрелал во глава.
Махмуд Џибрил, либиски политичар кој ја предводеше опозицијата која Франција во 2011 година за време на граѓанската војна ја призна како единствен претставник на либискиот народ, во интервју за една египетска телевизија изјави дека „странски агент бил инфилтриран во револуционерните бригади кои го убиле Гадафи“. Како причина за убиството ги навел врските помеѓу поранешниот француски претседател и Гадафи, како и финансирањето на неговата претседателска кампања.
Во меѓувреме, Либија потона во граѓанска војна и економски хаос, со ривалски наоружани групи кои неказнето убиваат цивили и уништуваат градови, аеродроми, палат нафтени рафинерии во настојувањето да дојдат до богатство и влијание.
Исламистичките формации во Северна Африка успешно дошле до извори на значајно наоружување и спроведување терор. Резултатите од воената интервенција во Либија и рушењето на Гадафи се раст на исламизмот и бегалската криза кои ја дестабилизираат Европа.
Русија, која беше воздржана при гласањето за резолуцијата 1973 на Обединетите Нации и чија цел беше да се заштити либискиот народ, а која е злоупотребена за да се оправда воената интервенција и рушењето на Гадафи, не престанува да прави паралела помеѓу Либија и Сирија кога станува збор за активностите на западната коалиција.Поминаа четири години од моментот кога светот во живо го следеше мачењето и убивањето на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи. Постоеше не

Пронајдете не на следниве мрежи: