Мали гестови или навики кои откриваат колку ви значи личноста која во тој момент лежи покрај вас.Трк до фрижидерот
Генерално гледано, кон тоа се подлежни жените. Фрижидерот е нивниот втор или доследен љубовник. И тоа е грев кој малку потешко себе си го простуваат бидејќи поголем број од нив се посветени на одржување на линијата. трчањето во кујна, другата личност може да го доживее како недостаток на интима и продолжување со личните заоволства откако е постигнато заедничко задоволство.
Палите цигара
Скоро идентично како и со фрижидерот. Само што кај пушењето цигара е уште по нагласена таа потреба за некој личен ритуал со кој другата личност нема врска. Подобро е ако ја споделите или наместо пушење цигара со замислен поглед во далечина, го прегрнете партнерот/партнерката ставајќи и до знаење дека за вас се уште е тука.
Се вртите на другата страна
Не постои појасен начин да покажете дека повеќе не сте заинтересирани. Без оглед на тоа дали сте или не сте романтични, нежни, склони кон милување, љубење и сл., вртењето на грб укажува на недостаток на блискост. Сексот за овие луѓе е само епизода.
Го земате мобилниот телефон
Што се случи во меѓувреме во мојот свет? Што сум пропуштил/а? Многу слично како и вртењето на грб само за нијанса помалку ладно и непристајно.Трк до фрижидерот
Генерално гледано, кон тоа се подлежни жените. Фрижидерот е нивниот втор или доследен љубовник. И тоа е