Веруваме дека сите барем еднаш сте налетале на оние реклами кои ви гарантираат успех при согорувањето на калориите и губење на килограмите за краток период. Веројатно и веќе ви се дојдени преку глава со лагите.Се знае дека е потребно напорно вежбање, правилна исхрана и посветеност за да станете тенки и да бидете во добра форма. Нормално, понекогаш и се прават отстапки од таквот режим. Затоа сме тука: да дознаете што НАВИСТИНА помага, а што не.
Лага број 1: Избегнувајте ги јаглехидратите и ќе ја намалите тежината
Еве зошто тоа не е вистина: За да ги согорите мастите, на вашето тело му треба „гориво“ од калории за полесно совладување на напорните вежби. Без тоа „гориво“ (јаглехидрати), нема да имате доволно енергија. Иако ќе се чувствувате дека вежбате напорно, вежбите нема да бидат доволно ефикасни.
Лага број 2: Продолжените вежби со среден интензитет, согоруваат повеќе калории отколку вежбите со појак интензитет
Зошто тоа не е вистина: Кога согорувате повеќе масти отколку јаглехидрати за време на вежбањето со среден интензитет, целосниот број на согорени калории зависи од времетраењето на вежбите. Од друга страна, вежбите со појак интензитет предивзикуваат ефект на „after-burn“ согорување на калориите, кое трае ден или повеќе по вежбањето. Овие продолжени согорувања се прават како последица од трошењето на мастите и всушност, тоа се моментите кога телото ја менува формата.
Лага број 3: Губете по 1 килограм неделно, со отфрлување на 500 калории дневно од исхраната
Зошто тоа не е вистина: Луѓето се создадени за да преживеат и кога се намалува нормалниот внес на калории во телото, организмот се префрлува во фаза на преживување, со што се забавува работата на метаболизмот и организмот се труди да ја сочува секоја можна калорија. Консумирањето на помал број калории дневно, го подесува организмот да складира енергија. Но, затоа, ако намалите 300 калории од дневната исхрана, ќе загубите повеќе килограми отколку да намалите на 500 калории (според кажувањето). Внесувањето на поголемо количество калории, ќе ви овозможи понапорно да вежбате и да го забрзате метаболизмот.
Лага број 4: Намалете ја тежината така што ќе престанете со јадење по 6 часот попладне
Зошто ова не е вистина: Храната си содржи калории – небитно во кое време ја јадете. Вистината е дека внесувањето на поголемо количество калории ќе предизвика дебелеење – освен ако не вежбате и ги трошите. Едно истражување од 2012 година, спореди луѓе со вишок килограми кои јаделе богата храна со јаглехидрати преку ден, со оние кои јаделе храна која содржи јаглехидрати навечер. Ова е исходот: луѓето кои јаделе таква храна навечер, чувствувале помалку глад во текот на наредниот ден. Објаснувањето лежи и во хормонот за раст (GH). GH е моќен хормон, кој контролира колку масти согорува вашето тело и колку нив оди во мускулното ткиво.Се знае дека е потребно напорно вежбање, правилна исхрана и посветеност за да станете тенки и да бидете во добра форма. Нормално, понекогаш и се пр



