Четири нови странски инвестиции влегуваат во Република Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, објави дека четири компании ќе вложат капитал во земјава, вкупно ќе отворат повеќе од 1.400 работни места, пишува Лидер.Првата инвестиција е од компанија од Западна Европа, познат бренд за производство на електрични уреди за домаќинство. Компанија веќе донела интерна одлука да инвестирање во земјава. Новиот инвеститор во Пелагонија ќе креира 1.000 директни работни места.
Втората инвестиција е од германска компанија што активно соработува во странски инвеститор од слободната зона Бунарџик и е вклучена во добавувачкиот синџир. Новата фабрика треба целосно да биде оперативна кон средината на идната година и ќе отвори стотина работни места.
Третата инвестиција е од американска компанија. Донесена е одлука да инвестира во помал град во централниот дел на Македонија.
-Компанијата е веќе во процес на купување земјиште, се планира да почне со производство во втората половина од идната година. По целосното комплетирање и заокружување на инвестицијата ќе се вработат 200 луѓе. Оваа инвестиција е од исклучително значење за градот во кој се планира да се реализира инвестицијата, вели Груевски.
Четвртата инвестиција е од веќе добро познатата „Текнохозе“, италијанска компанија што има два производствени погона во слободната зона Бунарџик во Скопје за производство на армирани гумени црева. Оваа компанија ќе гради и трета фабрика, што значи инвестиција од дополнителни 5 милиони евра и уште 100 нови работни места.
-Ние сме во контакт со повеќе други компании од различни сфери со кои разговараме за нови инвестиции. Ние не се откажуваме. Политичката криза го забави процесот, но ние продолжуваме да се бориме за секоја нова инвестиција. Наша најголема заложба останува борбата против невработеноста, стимулирање нови инвестиции и привлекување странски компании, отворање нови работни места, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Почна новиот инвестициски циклус
Земјава влезе во нов инвестициски циклус. Само изминатава недела ја одбележаа четири инвестиции што ќе отворат 2.700 работни места. Германската „СТС Текстајлс“ го потпиша договорот за инвестицијата во Велес, „Костал“ веќе го почна производството во Охрид во објектот на „ЕМО“, грчката „Цераметал“ инвестира во Жабени, а холандската „Инофрут“ го презема загубарот „Агро Лозар“ од Богданци.
Новиот инвестициски бран го најави германската „СТС Текстајлс“, инвестиција во Велес , во објектот на поранешната фабрика „Нонча Камишева“, што ќе донесе илјада нови работни места.
-Веќе почнавме со процесот на вработување на луѓе кои ќе бидат ангажирани во компанијата, ние ги следиме нашите планови за инвестирање, рече сопственикот на компанијата, Маркус Туч.
Уште една германската инвестиција е онаа на „Костал“, компанијата што почна со производство во објектот на „ЕМО“, по што ќе се пресели во слободната економска зона во овој регион.
-Во оваа компанија ќе бидат ангажирани и дел од поранешните вработени во „ЕМО“, што беше еден од важните услови за реализација на инвестицијата, објасни директорот на слободните економски зони, Виктор Мизо.
Вкупната бројка на вработени во следниот период е планирано да се искачи на илјада, а инвестицијата да достигне 30 милиони евра.
„Костал“ активно соработува со автомобилски брендови, како „БМВ“, „Порше“, „Дајмлер“, „Форд“, „Ауди“.
-Имаме одлична поддршка од Владата и од државните институции. Единствено преку ваква поддршка беше возможно за помалку од една година да почнеме со производство, рече претседателот на групацијата, Андреас Костал.
Во меѓувреме, грчката компанија „Цераметал“ почна да реализира инвестиција во Битола. Планот предвидува да се вложат 12 милиони евра и да се отворат 600 работни места. Грците веќе го имаат купено земјиштето во индустриската зона „Жабени“, со вкупна површина од 45 илјади квадратни метри.
-Поддршката од Владата и од локалната самоуправа беше еден голем предуслов за да се одлучиме да инвестираме во Битола. Обученоста на работната сила, познавањето на англискиот и на грчкиот јазик беше пресудно да одлучиме дека тука треба да го развиваме нашиот бизнис. Има добра бизнис клима, инфраструктура, Грција е блиску, а високо е и рангирањето на земјата во извештајот „Дуинг бизнис“ како најповолна земја за инвестиции, вели директорката на компанијата, Марија Пападопули.
Се работи за специјализирана компанија за метални производи, голем извозник во Германија, Шпанија, Канада, Чиле, Бразил, Турција, Русија, Индонезија, Јапонија и Тајван, што секако ќе придонесе кон подобар трговски биланс на Македонија.
Четвртата инвестиција што се објави деновиве е на холандската компанија „Инофрут“. Ќе го преземе загубарот „Агро Лозар“, ќе инвестира 10 милиони евра за производство на овошје и зеленчук во Богданци и во Дојран и ќе отвори нови 130 работни места.
Инвестицијата се реализира по двегодишно детално скенирање на пазарот од страна на Холанѓаните.
-Последните две години ги истражувавме пазарите на Балканот и можностите за вложување. Одлучивме првата инвестиција да ја реализираме тука, во Македонија, пред сè како резултат на поволната деловна клима, проактивноста и огромната поддршка од Владата, рече Стефани Тимерс Меинтел од „Инофрут“.
Посветеност на економијата
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на економијата и на отворањето нови работни места. Во изминативе години се креирани нови 160 илјади работни места, невработеноста е намалена од 37,3% (во време на СДСМ) на актуелните 24%.
Само странските компании досега имаат креирано 17 илјади работни места, а до крајот на годинава оваа бројка ќе се искачи на 18 илјади.
-До крајот на ноември очекуваме уште неколку компании да донесат позитивни одлуки за инвестирање во Македонија. Јас сум оптимист дека во следните шест до осум недели ќе имаме нови инвестиции, вели Мизо.
Активните мерки за вработување, мудрата политика за ниски трошоци на работење, поддршката за домашниот приватен сектор, помош и логистика при извоз, евтини кредитни линии, сето ова резултираше со динамизирање на активностите во приватниот сектор.
-Веруваме во способноста на приватниот сектор кој е единствениот кој креира додадена вредност. Даночната политика оди во прилог за креирање услови за развој и проширување на капацитетите, за воведување нови технологии, изјави министерот за финансии, Кирил Миноски.
Ставањето крај на политичката криза и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи економска стабилност, предвидливост во работењето, нови инвестиции и работни места.Првата инвестиција е од компанија од Западна Европа, познат бренд за производство на електрични уреди за домаќинство. Компанија веќе донела интерна