Во периодот од 20 до 24 март во четири цркви во демирхисарско од страна на непознат сторите или сторители, извршени се три тешки кражби и една кражба.Во селото Света, во храмот „Св.Пантелејмон“ сторителот со камен го искршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и од бирото за продажба на свеќи одзел 400 денари во разни апоени.
Потоа, во храмот „Св.Петка“ сторителот со подесен алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од иконите одзел 300 денари во разни апоени.
Во село Вардино, во црквата „Св.Константин и Елена“ сторителот, низ незаклучената влезна врата, влегол внатре и од иконите одзел околу 500 денари во разни апоени. Потоа со употреба на подесен алат го скршил катанецот на вратата од металната каса и од неа одзел околу 9.000 денари во разни апоени.
Во село Граиште, во црквата „Св.Маченик Леонтиј“ сторителот, низ незаклучената врата, влегол внатре и од иконите и масата за продажба на свеќи одзел околу 500 денари во разни апоени.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.Во селото Света, во храмот „Св.Пантелејмон“ сторителот со камен го искршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и од бирото