среда, 25 ноември 2026
Најново

Четири ограбени цркви за неколку дена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во периодот од 20 до 24 март во четири цркви во демирхисарско од страна на непознат сторите или сторители, извршени се три тешки кражби и една кражба.Во селото Света, во храмот  „Св.Пантелејмон“ сторителот со камен го искршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и од бирото за продажба на свеќи  одзел 400 денари во разни апоени.
Потоа, во храмот „Св.Петка“ сторителот со подесен алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од иконите одзел 300 денари во разни апоени.
Во село Вардино, во црквата „Св.Константин и Елена“ сторителот, низ незаклучената влезна врата, влегол внатре и од иконите одзел околу 500 денари во разни апоени. Потоа со употреба на подесен алат го скршил катанецот на вратата од металната каса и од неа одзел околу 9.000 денари во разни апоени.
Во село Граиште, во црквата „Св.Маченик Леонтиј“ сторителот, низ незаклучената врата,  влегол внатре и од иконите и масата за продажба на свеќи одзел околу 500 денари во разни апоени.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.Во селото Света, во храмот  „Св.Пантелејмон“ сторителот со камен го искршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и од бирото

Поврзани вести