Четири особини на мажот кој ќе ви го скрши срцето

Почетокот на врската е секогаш забавен и интересен, светот изгледа како поубаво место, а вашата иднина изгледа сјајно.На почетокот сите се трудат да бидат најдобрата верзија од себеси, а токму поради тоа вашиот идеален маж многу лесно може да стане фатален “фраер” кој ќе ви го скрши срцето. 
Со цел да не останете повредени, откријте кои особини од почетокот укажуваат на неговото лошо однесување:
Пребрзо зближување
Само што се запознавте, а тој веќе сака да го знае секој детаљ од вашиот живот, од тоа какво детство сте имале до список на вашите поранешни партнери. Но тоа не значи дека е искрено заинтересиран за вас, а најдобро го издава темпото со кое ја споделува својата интима. Доколку само ве испрашува, а за себе не говори ништо, тогаш нешто не е во ред.
Зборува едно, а прави друго
Доколку неговите зборови не се проследени со дела, тоа е јасен знак дека не можете да му верувате. Доколку забележите дека тој зборува едно, а прави друго, едно е сигурно – вие на крајот ќе останете разочарани.
Непредвидлив е
Прво ве опсипува со комплименти и ви симнува ѕвезди, а потоа два дена подоцна воопшто не ви одговара на вашите пораки и повици? Таквото однесување укажува на маж на кој не можете да се потпрете и кој не ве заслужува бидејќи има големи шанси емотивно да останете повредени.
Вашето тело не реагира
Понекогаш и вашето тело може да ви испрати сигнали дека тој не е за вас. Некои реакции не можете да ги контролирате, а доколку почувствувате тензија во градите или било каква друга непријатност секој пат кога сте со него, тоа може да биде вроден инстинкт кој ви вели да раскинете со него.На почетокот сите се трудат да бидат најдобрата верзија од себеси, а токму поради тоа вашиот идеален маж многу лесно може да стане фатален “ф

Пронајдете не на следниве мрежи: