Четири показатели дека не му се допаѓате доволно!

Ниеден маж не оди полека, а ова е само еден од изговорите за тоа зошто ретко ви се јавува.Жените вообичаено знаат да прават приказни и да се лажат себеси. Понекогаш е најдобро да се биде искрен кон себе. Доколку мажот кој ви се допаѓа ги употребува овие фрази тогаш можеби и не му се допаѓате доволно.
1.Само сакам да се забавувам
Во ред е ако сакаш да се забавуваш но, ако очекуваш мини романсата да премине во врска, за жал нема да биде така. Тој на малку поблаг начин кажува дека сака само секс!
2.Сакам да одам полека
Оваа реченица ретко можеме да ја чуеме од мажите и тоа со причина. Ниеден маж не сака да оди полека. Ако ова е изговорот поради кои не се јавува, само не сака да те повреди. Ако му се допаѓаш нема да издржи да оди полека.
3.Во моментот не сум за врска
Типична реченица, по која ќе следи прекинување на средбите и пронаоѓање нова девојка. Мажот кој во моментот не е за врска, едноставно не е подготвен за врска со тебе!
4.Имам многу работа
За пофалба, но, мажот кој сака ќе најде време, а оној кој не сака ќе најде изговор баш како и овој.Жените вообичаено знаат да прават приказни и да се лажат себеси. Понекогаш е најдобро да се биде искрен кон себе. Доколку мажот кој ви се допаѓа ги

Пронајдете не на следниве мрежи: