Четири причини поради кои МОРА да го оставите!

Можеби станува збор за долга  врска и вложено време и емоции но постојат неколку причини поради кои мора да го оставите…

Четири причини поради кои МОРА да го оставите!

Ова се четири причини поради кои МОРА да ставите крај на љубовната врска или бракот:

1.Насилен е
Дури иако физички никогаш не ве повредил, насилен маж е насилен маж. Честото викање, сцени, фрлање работи се работи низ кои не треба да поминувате….

2. Неверен е 
Можеби знаете многу парови кои поминале низ неверство и работите потоа биле во ред. Но тоа е доказ за непочитување од негова страна и зарем сакате да бидете со маж кој не ве почитува и посакал друга?

3.Порочен е 
Сега ќе речете: „Но и цигарите се порок!“ Да, се согласуваме со вас, но морате да признаете дека коцкањето, зависноста од дрога, алкохолот и секс се многу полоши пороци од пушењето!
 
4.Манипулатор е
Доколку тој на сите можни начини се обидува да ве смени, тој поточно манипулира со вас и вашите емоции. Не треба да се менувате заради кој било освен заради самите себе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.