Четири причини зошто ни се враќаат поранешните дечковци

Мажите се фантастични суштества- во еден момент не сакаат да бидат во врска, во другиот веќе имаат нова девојка, а во третиот ни се враќаат и не молат за уште една прилика.
Ова се четири причини зошто нашите поранешни дечковци бараат уште една прилика:
1.Се промениле
Секоја промена води кон подобро, па затоа сакаат да ни покажат дека се сега нови, подобри момчиња и сфатиле дека не биле во право. Ова е еден себичен начин да ни покажат дека работтие не се толку лоши како што мислиме, туку во моментот кога сме биле со нив едноставно биле чудни. Ако момците навистина се промениле, тогаш е одлична причина  да пробате повторно, но во најголем случај често станува збор за неговото его кое не трпи некој да има лошо мислење за него.
2. Ние сме се промениле
Нова фризура, неколку килограми помалку или едноставно друг став према животот и одеднаш од досадна поранешна девојка се претвораме во девојка која не требало да ја изгубат. Ова е одлично за женското его,  но реално, е само начин  да ви каже дека сега сме доволно добри за него. Прашањето е дали тој е се уште добар за нас.
3.Нашиот нов дечко
Ништо друго не може да им ги отвори очите на нашите поранешни дечковци како тоа да не видат среќни со некој друг. Неговиот натпреварувачки дух се буди, а потребата да докаже дека е подобар од новиот дечко е толку јака што тој едноставно мора да ве има. Иако тоа му годи на вашето его, да се вратите со ваквиот дечко е лошо, затоа што не сте му битни вие, туку да го победи вашиот нов дечко.
4.Сфатиле што изгубиле
Понекогаш машките сфаќаат дека навистина глупаво постапиле и не требало да ја остават девојката. Ако навистина покаже дека сте му битни и дека е спремен да вложи многу повеќе труд во вашата врска, не е лошо да му дадете уште една шанса. Можеби навистина  се променил на подобро.Мажите се фантастични суштества- во еден момент не сакаат да бидат во врска, во другиот веќе имаат нова девојка, а во

Пронајдете не на следниве мрежи: