ЧЕТИРИ ПРИРОДНИ СРЕДСТВА за намалување на ПОТЕЊЕТО

Потењето е природен обид на телото да ја спушти неговата температура. И додека физичкиот напор како и седењето во топла просторија предизвикува зголемено потење, ситуациите како што се стресот и напнатоста, исто така може да предизвикаат реакција. Ви носиме 4 природни борци против потење.Јаболков оцет
Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е еднаш дневно да ги пребришете пазувите.
Суво марамче натопете во мешавина од јаболков оцет и вода (2:1) и пребришете ја површината на телото на кое често се потите. Тоа правете го секоја вечер пред спиење.
Сода бикарбона
Можете да ја купите во било која продавница за евтини пари во мало пакување (која може да ја носите и во ташна), па поради тоа е многу практично решение против потење и непријатен мирис на пот.
Додајте прстофат сода бикарбона во малку вода или на влажни прсти и нанесете под пазувите. Истријте ја кожата, оставете да се исуши па со сува хартиена марамица отстранете го остатокот од правот.

 
Црн чај
Танинот со кој е богат овој чај содржи киселина која делува како природен антипреспирант па со тоа влијае на жлездите и го намалува претераното потење. Зовријте вода, земете една шолја од зобриената вода и во неа ставете црн чај.
Вреќичките извадете ги после една минута и ставете ги на тацна да се изладат. Ставете ги вреќичките под пазувите или на подрачјето на телото каде најчесто се потите, оставете да делува 5 минути па отстранете ги.
Лимон
Лимонот од памтивек се користи за контролирање на телесните мириси, односно против зголемено потење. Цитрусната киселина ги убива бактериите и делува како природен дезодоранс, но по третирањето на кожата со лимон, треба да избегнувате изложување на сонце.
Лимонот исечете го на половина и истријте ги пазувите. Оставете да делува 15-30 минути и измијте ја кожата со ладна вода. Јаболков оцет
Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е еднаш дневно да г

Пронајдете не на следниве мрежи: