Четири работи на кои мора да внимавате во раната бременост

Бремени сте, а вашиот плод на љубовта е на пат? Со тоа треба да обрнете внимание на четири важни работи во првото тримесечје со цел бременоста да биде во најдобар ред.Бројте хранливи состојки, а не калории
Поголемиот дел од жените се свесни која храна е препорачливо да ја избегнуваат во бременоста: свежо сирење, пршута, непастеризирани млечни производи итн. Но, акцентот честопати се става на храната која треба да ја консумирате. Одбегнувајте да јадете за двајца и внимавајте храната која ја јадете да биде хранлива, а не калорична.
“Дневно ви се потребни 300 калории повеќе од вообичаеното со цел да родите здраво и силно дете. Тоа значи дека дневниот внес на енергија треба да се распореди во помали дневни оброци”, советува нутриционистката Дарија Бендер. Првото тримесечје од бременоста треба да се темели на цели житарки, овошје, зеленчук и квалитетен извор на протеини и масти.
Договорете ултразвучен преглед
Во првите шест до девет недели, ултразвучниот преглед знае да биде несигурен.
“Ултразвучниот преглед најчесто се изведува до крајот на 12-та недела од бременоста, со што се одредува дали станува збор за уредна или патолошка бременост и може прецизно да се одреди траењето на истата и бројот на плодови”.
Дознајте ги знаците на вонматеричната бременост
Вонматеричната бременост се јавува кога фетусот се развива надвор од матката, обично во јајцеводите. Таа може да биде опасна по животот на мајката и нема начин за спасување на фетусот. Најчести симптоми се болки во стомакот, крварење, гадење, повраќање итн.
Посебно силната болка во стомакот која жените знаат да ја опишат како убод од нож, во поголемиот дел од случаите е знак за пукнати јајцеводи и бара итна хируршка интервенција.
Крвната група е исклучително важна
Доколку имате негативна крвна група (RH-), а бебето носи позитивна крвна група, тоа може да предизвика бројни компликации. Штом забремените, треба да направите едноставен тест со кој би ја одредиле вашата крвна група доколку сè уште не ја знаете. Доколку во текот на бременоста дојде до контакт на мајчината крв со крвта на бебето, може да дојде до имунолошки одговор на мајчиното тело. Со тоа може да дојде до уништување на бебешките црвени крвни станици кои предизвикуваат анемија.
Затоа секоја мајка со RH- негативен фактор, во рок од 72 часа по породувањето треба да прими инјекција која спречува создавање на антитела во крвотокот.Бројте хранливи состојки, а не калории
Поголемиот дел од жените се свесни која храна е препорачливо да ја

Пронајдете не на следниве мрежи: