Четири стадиуми на ерекцијата- од сунѓер до краставица

Доколку подолго време пенисот не може да постигне полна тврдина, „паѓа“ за време на односот или тешко доаа до ерекција, честа причина може да биде високиот притисок, покачен шеќер…Нормално е дека секоја ерекција не може да биде иста, односно дека пенисот некогаш е повеќе, а некогаш помалку цврст. Сепак, доколку повеќе пати се повторува ова, мажите би требало да обрнат внимание на тоа бидејќи може да укаже на сериозни здравствени проблеми.
Околу 5 проценти од мажите во периодот од 40 до70 години искусиле еректилна дисфункција, но денес и се повеќе млади мажи  страдаат од овој проблем.  Најчестите причини за еректилна дисфункција во период од 40 години се стрес, прекумерно уживање во алкохол, цигари и дрога, нарушена самодоверба, зависност од порнографија и проблеми во љубовните односи.
Кај постарите ситуацијата е нешто поинаква, односно причините се често физиолошки- повишено ниво на шеќер во крвта, недостаток на тестостерон, повишен крвен притисок.
Четири стадиуми на ерекцијата
Стадиум 1. Сунѓер- Иако е поголем отколку во состојба на потполна опуштеност, пенисот и понатаму е помек и пенетрацијата е невозможна.
Стадиум 2. Излупена банана- Пенисот е нешто  потврд и подигнат, но недоволно за пенетрација.

Стадиум 3. Неизлупена банана- Пенисот е доволно тврд за пенетрација, но не во потполност тврд.
Стадиум 4. Краставица- Пенисот е потполно тврд и кренат во своја полна должина.

Кај сексот, доколку тој ден веќе не дошло до  ејакулација, во нормална состојба мажот  би требало да ја постигне четвртата фаза. Доколку во текот на сексот ја достигне само третата фаза, а повремено доаѓа до „пад“ и премин во втората фаза и тоа се повторува во повеќе односи, можно е да постои проблем.
Кај повеќето проблеми се користат разни лекарства… Тие овозможуваат подобар проток на крвта во пенисот, а доколку проблемот е во намалено ниво на тестостерон, истото се зголемува со  додатоци на тој полов хормон.Нормално е дека секоја ерекција не може да биде иста, односно дека пенисот некогаш е повеќе, а некогаш помалку цврст. Сепак, доколку повеќе пати се

Пронајдете не на следниве мрежи: