Четири ученика од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево и еден возрасна жена, вработена во училиштето, се затруле со храна откако јаделе гиро во сендвичарница блиску до училиштето.Како што информира директорот на ООУ „Ванчо Прке“ Горан Велков, првите симптоми се појавиле кај учениците околу 12 часот, а поради тешката здравствена состојба тие се транспортирани во Клиничката болница во Штип.
– Околу 12 часот, деца повраќаа во ходникот. Ние веднаш им укажавме прва помош по што се јавивме на нивните родители кои децата си ги зедоа од училиштето. Потоа околу 13:30 часот и еден работник имаше иста симптоматологија. Беше известена Епидемиолошка служба, по што веднаш дојде медицинска екипа. Јас лично бев во Здравствениот дом и кај сите примени деца и вработениот, беа истите симптоми, гадење, повраќање, стомачни тегоби, но и покачени леукоци. Сите ни рекоа дека јаделе гиро од сендвичарница која е блиску до училиштето. Децата потоа се транспортирани во Клиничката болница во Штип, истакна Велков.
Тој додаде дека станува збор за четири деца ученици во деветолетката и тоа две на возраст од 13 години, едно 12 и едно 11-годишно дете, како и 42 годишна вработена во училиштето.
Д-р Надица Ефтимова, спец. епидемиолог од Епидемиолошката служба во Делчево истакна дека до нив е пријавен случај на труење со храна и дека тие ги преземат сите потребни мерки. Известен е санитарнот инспектор и во тек е земање мостри од храната и од објектот, каде се подготвувала храната.Како што информира директорот на ООУ „Ванчо Прке“ Горан Велков, првите симптоми се појавиле кај учениците околу 12 часот, а поради тешк