Четири златни правила за совшено затегната кожа

Затегната кожа на лицето која делува и изгледа совршено, без црнки, митесери, брчки и црвенило е сон на секоја жена.Која жена сака да користи три слоеви на пудра и да се чувствува како да носи маска на лицето преку цел ден само за да долови ефект на глатка кожа?
Ова се 4 златни правила кои ќе ви помогнат да ја задржите еластичноста на вашата кожа, а воедно и да добиете мазна и совршена кожа на која сите ќе ви завидуваат.
Мијте ја кожата со ладна вода
Кога ја отстранувате маската за лице или извршувате обична хигиена на лицето со пилинг, никогаш не плакнете со топла вода. Иако топлата вода ги отвара порите, ладната вода е таа што ќе ја одржува нејзината еластичност. Откако ќе ја измиете не бришете ја со груби потези, туку нежно тапкајте ја додека не се исуши, а веднаш потоа ставете го вашиот дневен крем за лице.
Никогаш не заспивајте со шминка
Колку и да ви е мака, наместо да се миете, посегнете барем по влажните марамчиња наменети за вадење на шминка и отстранете ја. Кога спиеме нашата кожа се регенерира, а тоа не може да го направи доколку над неа има три слоеви пудра, поради која порите се затнуваат и настануваат митесери.
Користете пудра против стареење на кожата
Без разлика на вашата возраст, користете пудра против стареење на кожата, бидејќи нејзиниот колаген ќе ја одржува еластичноста на вашата кожа и таа ќе остане затегната.
Потрудете се сите можни производи за лице што ќе ги набавите да бидат базирани против стареење. Иако немате проблем со брчки, резултатот ќе биде неверојатен после еден месец од нивното секојдневно користење.
Опуштете го лицето и насмевнувајте се почесто!
Често ни се прават линии под очите, на челото или помеѓу веѓите од нашите гримаси кои ни преминале во навика.
Колку што можете почесто опуштајте го лицето целосно и насмевнувајте се секогаш кога го правите тоа, линиите ќе исчезнат, а вие ќе се чувствувате поубаво во своја кожа.
Верувајте таа ќе го рефлектира тоа чувство на вашиот надворешен изглед, кожата ќе ви биде совршено затегната само доколку ги применувате овие правила секој ден.Која жена сака да користи три слоеви на пудра и да се чувствува како да носи маска на лицето преку цел ден само за да долови ефект на глатка кожа?

Пронајдете не на следниве мрежи: