Најтешкиот дел од манипулација во љубовна врска е тоа дека многу често не сте ни свесни дека тоа се случува.Манипулативните луѓе ги „извртуваат“ вашите мисли, дела и желби во нешто што подобро им одговара на начинот на кој тие го гледаат светот и во она што најдобро им одговара на нивните потреби.
На следниве четири знаци треба да внимавате за да бидете сигурни дека тоа нема да ви се случи на вас.
1. Поради него се чувствувате виновни буквално… за сè
Манипулацијата секогаш започнува со вина. Ако тој може да ви убеди да се чувствувате виновни за нешто што сте направиле (дури и ако ништо не сте направиле ништо лошо), тогаш тој знае дека ќе бидете подготвени да направите сè она што тој ќе го побара од вас.
2. Поради него се сомневате во себе
Зошто му е толку лесно да манипулира? Бидејќи ќе ве доведе до фаза во која веќе не си верувате самите на себе. Манипулаторите ја користат несигурноста и ја посочуваат против вас. Тие постојано ќе ги истакнуваат вашите слабости со цел да им помогне за да ви покажат дека со нивна помош, можете да бидете подобри.
3. Ве прави одговорна за неговите емоции
Манипулаторите се иронични, во смисла дека ќе поминат многу време во „убедување“ дека не можете да се грижите за себе, а потоа и ќе ве натераат да се чувствувате одговорни за начинот на кој тие се чувствуваат. Доколку се тажни, вие сте виновни, ако е лут повторно вие сте виновни, зошто сте направиле нешто лошо (иако всушност не сте). Константно ќе ви дава до знаење дека не сте во можност да го контролирате вашиот живот, едноставно ќе ве обвинува за емоциите кои тој ги чувствува.
4. Ве уверува дека го сакате токму она што го сака тој
На почетокот на секоја врска постојат одредени „барања“ и „правила“ од двете страни, но како однос се развива така и зајакнува сосема е нормално да се дојде до компромис. Што не е нормално? Кога целосно ќе морате да го ставите настрана она што вие го сакате и она што ви треба, во обид да го смирите вашиот партнер. Ако сте свесни дека потребите и желбите на вашиот партнер се исполнуваат повеќе и полесто отколку вашите, постои добра шанса дека сте во врска со манипулатор.Манипулативните луѓе ги „извртуваат“ вашите мисли, дела и желб