Четири знаци кои укажуваат дека претерувате со “најголемиот” непријател на здравјето

Кога станува збор за исхраната, треба да се биде умерен во сè, а посебно во консумација на намирници кои не се добри за Вашето здравје доколку истите се користат во големи количини.Токму солта (заедно со шеќерот и белото брашно), по мислење на бројни медицински експерти е најголемиот непријател на здравјето доколку се консумира во екстреми. Во продолжение, прочитајте четири знаци кои укажуваат токму на тоа дека солта е премногу застапена во Вашето мени. 
Имате проблеми со бубрезите
Натриумот влијае и на функцијата на бубрезите, а внесот на премногу сол и натриум предизвикува создавање на бубрежни каменчиња. Експертите велат дека лицата кои имаат проблеми со бубрезите, треба да го намалат внесот на сол на максимално една лажичка дневно, а во зависност од тежината на здравствениот проблем, количината би требало да биде помала.
Се чувствувате надуено и потечено

Постојано сте жедни
Храната со висок удел на натриум (чипс, сосови, пица и слично) влијае врз балансот на Вашиот организам и Ве прави жедни. Кога консумирате вакви намирници, внесувајте што повеќе вода со цел да го одржите организмот хидриран.
Имате висок притисок
Преголемата консумација на сол лошо влијае врз здравјето на нашето срце и крвните садови, а една од последиците е и зголемениот крвен притисок. Според многу истражувања, голем број од луѓето консумираат и до три пати повеќе сол дневно од препорачаните дневни количини.
Совет: Експертите велат дека внесот на сол треба да биде ограничен на 5 грама (количина која ја собира во една чајна лажичка), а внесот на натриум не смее да изнесува повеќе од 2 грама. Кога посолувате некое јадење, тоа правете го со прсти, а не со соларник бидејќи така полесно ја контролирате количината на сол која ја додавате во храната.

 Токму солта (заедно со шеќерот и белото брашно), по мислење на бројни медицински експерти е најголемиот непријател на здравјето доколку се консумир

Пронајдете не на следниве мрежи: