Момче на четиригодишна возраст им се спротиставило на терористите во Најроби, а за возврат добило необична награда од нив. Елиот Приор од Велика Британија им се спротистави на терористите кои го заземаа трговскиот центар во Најроби и убија 69 лица.
„Вие сте многу лош човек“, му се развикало момчето на еден од терористите. Тоа го натерало терористот да му даде чоколадо на малиот Елиот и да го ослободи неговто семејство од заложништво.
Елиот храбро станал за да ја заштити мајката Амбер и сестрата Амела (6). Филмската продуцентка од Велика Британија, дошла во трговскиот за да купи млеко. Кога дошло до експлозија, се сокрила со децата под масата со месо, од каде не мрднале цели час и половина. Напаѓачите ги забележале и пукале во ногата на мајката.
Искреноста и одлучноста на нејзиниот син го спасила целото семејство.
„Те молам прости ми, ние не сме чудовишта“, рече терористот, кој на децата им дал чоколада и одлучил да го поштеди.
Во бегство успеале да спасат уште едно момче (12) кое не можело да се одвои од убиената мајка.
„Ни објаснуваше дека исламот не е лоша религија и ми наредуваше да ја сменам религијата. Ме праша дали ќе го направам тоа, и дали му простувам. Му одговорив потврдно. Во момент ќе кажев се само да не пуштат“, вели мајката Амбер.Елиот Приор од Велика Британија им се спротистави на терористите кои го заземаа трговскиот центар во Најроби и убија 69 лица.
„