Дали некогаш сте забележале дека мајките може да се поделат во категории? Дали се пронаоѓате себе или некоја друга мајка во овие категории?-Мајката што дошла за навистина да вежба: Овие мајки ќе ги најдете во делот со тегови. Косата им е врзана, имаат слушалки на ушите и не забележуваат никој околу себе. Ваквите мајки ги хранат децата со големи количини на зеленчук за да пораснат силни како мама. Не постои тегла што оваа мајка не може да ја отвори. Таа не пие смути, туку јаде салати како оброци. Нејзините селфија во теретаната би изгледале неверојатно, но таа ги користи огледалата само за да провери дали вежба во добра позиција. Вежбањето и е омилена активност, и го искористува времето за вежбање во целост.
-Мајката што дошла за да се дружи: Останувањето во форма за неа е бонус што може да го добие со посетувањето на фитнес-центрите. Таа може да вежба зумба цел час, разговарајќи со пријателката без да земе пауза за воздух. Јогата за неа е најтешко нешто, бидејќи мора да молчи. Ако ви треба пријателче за теретана, таа е вистинскиот избор. Ќе научите за најновите настани, совети во родителството, и сите сочни трачеви, па кој знае: можеби и ќе повежбате!
-Мајката што дошла за да си погледа ТВ на раат: Ваквата мајка најчесто се наоѓа во „кардио-кино-салата“ на теретаната. Иако на траката за трчање до нејзината спринтаат идните шампиони, таа си гледа во телевизорот одејќи лежерно на траката. И не ја обесхрабруваме: Технички, и бавното одење е поздраво од седењето на тросед. За пофалба е и фактот што воопшто отишла во теретана. Освен тоа, еден час гледање телевизија или читање книга без галамата на децата е Нирвана за оваа мајка.
-Мајката која дошла за да избега од децата: Веднаш штом сопругот излезе низ вратата, оваа мајка излетува од куќата со ранец. Најпрво ќе ја најдете како се влечка околу клупата за кревање тегови, сомнително пивнувајќи од нејзиното шише со „вода“, при тоа насмевнувајќи се а секој што ќе погледне кон неа; но на крајот несомнено ќе заврши во сауната. Можеби ќе започне разговор со некој до неа, а можеби и ќе си седи со затворени очи, и со изглед што просто извикува: „Слобода!“. Како и да е, ова е времето што си го посветила, и ужива во него.-Мајката што дошла за навистина да вежба: Овие мајки ќе ги најдете во делот со тегови. Косата им е врзана, имаат слушалки на ушите