Квалитетната спортска опрема е значаен дел од секој тренинг. Облека и обувки кои Ви дозволуваат подобро движење и удoбност за време на тренинзите влијаат на Вашите перформанси. Затоа, дамите го одбраа Champion како бренд кој нуди удобна облека за опуштен дневен изглед, како и квалитетна облека наменета специјално за тренинзи.Новата Champion колекција за тренинг е креирана за жените кои сакаат да ги поместат “границите”. Оваа сезона, подгответе се за новата димензија на Champion, удобност и подобрени перформанси во текот на целиот тренинг. Како и секогаш, удобноста и прилагодливоста на сите движења на активните жени, е во хармонизиран спој со модерниот дизајн.
Современите жени со стил, кои се занимаваат со спорт, активно или реакреативно, знаат колку е важна квалитетната облека како и обувките кои го следат темпото на нивниот тренинг.
За промоција на новата Champion колекција за 2017 година, како заштитно лице e избрана Елена Бубало, професионален фитнес тренер за жени. Елена Бубало повеќе од 7 години е дел од фитнес светот која секојдневно одржува специјализирани групни тренинзи за жени, како и индивидуални персонализирани сесии и е пример за жена која секојдневно ги надминува границите на своите можности преку фитнесот и здравиот начин на живот.
„Вистинската опрема игра значајна улога во перформасите за време на тренинзите. Тоа што ја издвојува тренинг колекцијата на Champion е спојот на квалитет со пристапни цени. Покрај ова, опремата на Champion на жените им нуди поголема удобност и можност да ги подобрат перформансите на своите тренинзи.“ – изјави Елена Бубало.
Champion тренинг колекцијата на жените им нуди облека, обувки и опрема која освен што ќе им овозможи да ги постигнат своите фитнес цели, со модерниот дизајн ќе се вклопи во активниот начин на живот.
Champion тренинг колекцијата може да ја најдете во сите мултибренд продавници на Sport Vision како и на Sport Vision Online shop.Новата Champion колекција за тренинг е креирана за жените кои сакаат да ги поместат “границите”. Оваа сезона, подгответе се за новата д