П.Н. „Животот е прекрасен. Но со сирење е уште подобар“ вели еден романсиер што ја препознал специфичноста на она што сирењето како квалитет го додава на секое јадење.Затоа и оваа година Веро го слави сирењето и нуди можност потрошувачите да уживаат во врвните вкусови на едни од најпрефинетите сирења и кашкавали од целиот свет
Од 26 ноември до 15 декември и оваа година Веро-центарот e домаќин на најголемиот продажен фестивал на сирења и кашкавали.
За сите обожаватели на оваа древна храна Веро-центарот по втор пат организира „Cheese land“ (Земја на сирењето) каде потрошувачите може да купуваат, дегустираат и да уживаат во своите омилени производи. За викендите е подготвена и супер програма со детски активности, игри, анимации и награди, што ќе ги развесели децата, но и возрасните.
На „Cheese land“-от во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во сирењата на Бимилк, Идеал шипка, Здравје Радово, Јого меркур, Малешевски, Хемипром, Рудине, Mонтенегро, Николови, како и во вината на Стоби и на Тиквеш, но и во ајварот на Мамас, вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата.
„Големо задоволство е да им се овозможи на потрошувачите едно вакво доживување, кое и минатата година беше дочекано со воодушевување. Додека не дојдете тука и видите, нема да знаете колку фанови на сирењето и кашкавалот навистина постојат. Нашите потрошувачи имаат истенчен вкус и деликатно одбираат, точно ги знаат производите и производителите, некои дури ги препознаваат сирењата и кашкавалите по боја, густина, текстура, не мора да видат бренд или амбалажа… Задоволни сме што можеме да им понудиме прекрасен амбиент и раскошен избор и на најпребирливите потрошувачи“ – изјави Г-дин Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.
Соединетите Американски Држави се број еден производител на сирење во светот. Но, иако САД произведуваат најмногу сирење, Грција и Франција се лидери во консумација, околу 24 килограми годишно пер капита, за разлика од Американците кои консумираат околу 14 килограми годишно.
Денес постојат многу видови на сирење, околу 500 различни сорти признати од страна на Меѓународната Млечна Федерација. Сортите се групираат или класифицираат во типови според критериуми како што се должината на стареење, текстура, методи за правење, содржината на масти или на влага, животински млеко, земја или регион од каде што потекнува, итн.
Сирењето е почитувано поради неговата преносливост, долг рок на траење, високо ниво на масти, протеини, калциум и фосфор. За да се стане експерт во областа на сирењето потребно е неформално образование и многу години дегустација и практично искуство во избор на сирење со одредени јадења, вкусови, вина и други пијалаци, купување, чување и зреење на сирењето…
Повелете во Веро-центарот на раскош од вкусови на сирења, вина и ајвар и автентична атмосфера во „Земјата на сирењето“.Затоа и оваа година Веро го слави сирењето и нуди можност потрошувачите да уживаат во врвните вкусови на едни од најпрефинетите сирења и кашкавали