Chromatic Point апсолутни победници на третиот Т’к Так

Четири денови откако на Кавадарци му се случи третиот Т’к Так Фест, емоциите почнуваат пополека да се нормализираат, а впечатоците да се сумираат. Сепак, за да се извлече најважниот заклучок од целиот настан, сигурно не требаше толку многу време, бидејќи фестивалот и годинава ја продолжи мисијата на прерано починатата македонска рок легенда, Трајко Каров, одлична рокенрол забава и промоција на млади бендови.А токму младите бендови го имаа главниот збор во првите два часа од фестивалот. Новите надежи на кавадаречката рок сцена, Џоа бенд го имаа своето „огнено“ крштевање на воведот на фестивалот, додека пак Chromatic Point го одбележаа натпреварувачкиот дел, заминувајќи си со признанието за најдобар бенд, но и со Гран При наградата „Трајко Каров“, која по втор пат заврши кај Филип Јездиќ. На второто место се најдоа Nine Weeks, додека третото место го поделија бендовите Switch и Slave Pit. Покрај за музичарите, признанија завршија и во рацете на претставници од Општина Кавадарци, Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, генералниот покровител „Фени Индустри“ и фамилијата Карови, додека специјално признание за промоција на Кавадарци и кавадаречката рок сцена доби бендот Smoke Shakers. 
 
 
Надвор од натпреварувачкиот дел, на големо задоволство на неколку илјадната публика настапија веселиот новинарски состав „Репортерс“, и минатогодишните победници, бендот „Ептен“ кој го промовираше својот деби албум „Доста е“. Кулминацијата на вечерта се случи кога на сцената се појавија момците од „Нокаут“ кои уште од првиот момент воспоставија неверојатна комуникација со пет илјадната публика, покажувајќи зошто се еден од најдобрите концертни бендови во земјата. 
 
ФОТО: АНА АРАНГЕЛОВАА токму младите бендови го имаа главниот збор во првите два часа од фестивалот. Новите надежи на кавадаречката рок сцена, Џоа бенд го имаа своето

Пронајдете не на следниве мрежи: