Илјадниците документи на ЦИА поврзани со Балканот кои деновиве излегоа во јавноста откриваат , но и ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзини високи функционер во шверцот со разни стоки и кршењето на ембаргото кон Србија во 90-те, но и откриваат дека истите за тоа земале надомест за „завршена работа“.Во еден од објавените документите на ЦИА од 1995 година, во кој се обработува кршењето на ембаргото кон СР Југославија, во делот посветен на Македонија пишува како власта од тогашната СДСМ на чело со своите врвни функционери земала мито за кршењето на ембаргото.
„Македонскиот министер за надворешни работи, му призна на шефот на мисијата на САД во Скопје , дека неговата држава не може да применува строги санкции кон Србија. Врвни македонски функционери вклучувајќи ги премиерот Црвенковски, министерот за финансии Миљовски и министерот за транспорт Бузлевски – добиваат мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт.“, пишува во извештајот.
Ова е официјална потврда за криминалот што го правела СДСМ и нејзините видни функционери именувани поименично, во извештајот на ЦИА.
Извештајот открива и како функционирала шемата.
„Многу македонски фирми користат лажни документи за да и помогнат на Србија да ги избегне санкциите, пишувајќи се себе како краен импортер на стоките, во принцип наменети за Србија и како извор на извозот кој е од Србија. За паричен надомест, овие фирми се задолжени за подготовка на документите, складирање и транспорт на стоката.”, пишува во извештајот.
Документите потврдуваат и дека шверцот бил од енормни размери.
„Со мал прекин во почетокот на јули, секоја недела за време на последниот месец околу 1 200 полни камиони на недела, двапат во јануари – март околу 635 камиони –околу 130 вагони влегле во Србија. ”
„Главните непрехранбени продукти кои се увезуваат во Србија се метали, текстил, хемикалии и средства за подмачкување (лубриканти). Други увозни стоки кои се забележани од есента 1994 година вклучуваат: машини, машински делови, компјутери и сателитска опрема. Во текот на средината на јули, набљудувачите воочиле 9 пратки со компјутерска опрема. “, стои во извештајот.
Дополнително во извештајот пишува дека Македонија увезувала нафта на свое име, за после истата да продолжи кон Србија.
„Македонија исто така увезува и нафтени продукти за Србија, во овој сегмент недостасуваат податоци за да можеме да го потврдиме бројот. Во текот на март и април, 526 возни цистерни ја поминале српско-црногорската граница кај Табановце, според корпусот на ОН во Македонија, повеќето од нив веројатно биле со нафтени продукти.”
Во врска со шверцот на нафтени продукти, во извештајот е нотирано:
„Македонија исто така увезува и нафтени продукти за Србија, во овој сегмент недостасуваат податоци за да можеме да го потврдиме бројот . Во текот на Март и Април, 526 возни цистерни ја поминале српско-црногорската граница кај Табановце, според корпусот на ОН во Македонија, повеќето од нив веројатно биле со нафтени продукти. На 17 април САМ Македонија забележала 20 цистерни со лубриканти. При крајот на декември, Макпетрол пријавила до Владата потреба од увоз на нафтени продукти за Србија 30.000 тони ( 7,300 барели на ден).”
За шверцот кон Србија и кршењето на ембаргото сведочеше и Љубомир Магаш, српски криминалец кој активно учествувал во шверцот. Како што сведочи Магаш, партнерите од Бугарија во шверцот со нафта им купиле подарок, два автомобили Мерцедес S 600 – популарно наречени слонови, како поклон за успешната соработка.
Тој сведочеше и за репонзивноста на Фрчковски кога станувал збор за непречениот шверц и дека освен нафтата се шверцувале и цигари кои биле дел од ланецот организиран од Милошевиќ.
-Ми се јави Фрчкоски и ми рече дека нафтата вечерва не може да помине од одредени причини. Веднаш му се јавив на Драган Стошиќ, ексдиректорот на „Симпо“ од Врање, кој беше врската меѓу мене и Македонците. Му објаснив дека ме чекаат во Србија и дека ќе се посомневаат ако пратката задоцни. Ми одговори „не се секирај, пратката утре ќе помине оти вечерва треба да пројде пратка со цигари“. Прашав „ кои бе цигари, кој е поважен од нас во оваа работа“, а тој ми вели „цигарите на Марко Милошевиќ“, раскажува Магаш.
Сомнежот во народот за шверцот со секаков вид на стока и кумувањето на СДСМ во сето тоа веќе е и официјално потврден. Сега останува да видиме дали СДСМ како партија јавно ќе повика на истрага против своите некогашни функционери? Дали ќе побара парите да им бидат вратени на граѓаните? Зошто судејќи по бројот на композиции кои секојдневно минувале се работи за огромни суми на пари.Во еден од објавените документите на ЦИА од 1995 година, во кој се обработува кршењето на ембаргото кон СР Југославија, во делот посветен на Македо