Како што веќе пишуваше еМагазин, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави илјадници тајни документи за Македонија и Југославија.Во оваа прилика ексклузивно Ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА го опишувале „македонскиот проблем“ во 1949 година при што објавиле и мапа од „Голема Македонија“ како и проценети бројки за Македонци или како што се вели во документот „Славо Македонци“ кои живееле во Пиринска и Егејска Македонија.
„Контроверзното македонско прашање, вечно способно да разбуди силни национални чувства во Југославија, Бугарија и Грција е главен извор на нестабилноста на Балканот и може да се влоши поради борбата меѓу Тито и Инфорбирото.
Двете страни во оваа борба веќе си играа со националните чувства на СлавоМакедонците за да ги зајакнат своите позиции.
Ако Советскиот сојуз одлучи да спроведе дополнителни мерки во неговата кампања за вознемирување на Тито и да ја врати контрлата во Јужен Балкан, Македонија сигурно ќе стане прашање од голема важност во плановите на двете страни, како поле за ширење на пропаганда, игра на нерви и можни герила акции“, се вели во документот на ЦИА.
Во него се додава дека во модерните времиња Македонија никогаш не била расен, јазичен или независен политички ентитет.
„Иако нејзините граници не се дефинирани, Македонија генерално се простира на површина од 25.000 квадратни метри и зафаќа дел од Северна Грција, Јужна Југославија и Западна Бугарија.
Бројот на СлавоМакедонци во Грција е значително намален по меѓународната размена на население во Егејсиот регион во периодот 19221923 година. Во моментов бројот на СлавоМакедонци во грчкиот дел од Македонија најверојатно не ја надминува бројката од 80.000 лица, додека во бугарскиот и југословенскиот дел од Македонија се проценува дека живеат околу 150.000 односно околу 700.000“, се вели во документот.
Разузнавачите на ЦИА меѓудругото укажуваат дека иако желбата на СлавоМакедонците и на националистикото движење ВМРО за обединување на териториите и национална автономија тлеела од почетокот на минатиот век, никогаш не била практично релизирана главно поради конфликтните интереси на големите сили, но и внатрешните несогласување и апатијата меѓу СлавоМакедонците.
Во документот се додава дека мапата претставува конвенционална презентација на територијата која географски спаѓа под името Македонија и се вели дека дотогаш немало обид да се разграничи расфрланото СлавоМакедонско население.Во оваа прилика ексклузивно Ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА го опишувале „македонскиот проблем“ во 1949 година при што објавил