Пратеникот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието Република Македонија на која повторно се расправа за импичментот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, рече дека СДСМ повторно не успеа со своите погубни сценарија за дестабилизација на државата и дека продолжуваат со говорот на омраза и непочитувањето на институциите.-Тие шарени платеници како што се нарекуваат герилци не успеаа ниту насила и гаќите на Прометеј да му ги симнат. Значи почитувани пратеници и денес продолжува истиот говор на омраза непочитување на презумција на енвиност, непочитување на интегритетот на личностите и непочитување на кодексот на пристојно и културно однесување, рече Чибишев.
Чибишев додаде дека иако СДСМ се обидуваат да го омаловажат Иванов на секој начин, граѓаните сеуште му ја даваат поддршката на Претседателот.
-Шарената деструкција, насилство, агресивност од улиците на Скопје се прави обид да се пренесе во Собранието на Република Македонија. Колеги од опоизицијата, за жал, во последниве неколку дена вие во неколку наврати, ваши пратеници од оваа говорница бесрамно и неаргументирано го оспорувате мандатот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, притоа го нарекувате со срамни и недолични имиња што не одговара на едно нормално, здраво однесување на нормална комуникација. Само за ваша информација, и покрај вашите лаги и манипулации и се она што се случува по улиците на Скопје последниве месец дена, Претседателот Ѓорѓе Иванов сеуште ужива голема поддршака кај македонските граѓани. Многу домашни меѓународни институции кои испитуваат јавно мислење тоа го потврдија, а последната анкета покажа дека Иванов има 54,3% поддршка, дополни Андон Чибишев.-Тие шарени платеници како што се нарекуваат герилци не успеаа ниту насила и гаќите на Прометеј да му ги симнат. Значи почитувани пратеници и денес