Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски смета дека надминувањето на законскиот праг на бројот на гласачи во изборните единици во земјата го доведува во прашање еднаквото право на глас.– Надминувањето на прагот од +/- 5 отсто дефинитивно го доведува во прашање еднаквото право на глас на сите граѓани во Република Македонија, изјави денеска Чичаковски, кој беше на средба со претседателот и членовите на Агенцијата за медиуми.
Чичаковски рече дека во рамки на надлежностите на ДИК, по редовното квартално ажурирање, ДИК доставило податоци до Министерството за правда и до Собранието како надлежен орган да подготват и да донесат измени на Изборниот законик.
– Останува на Собранието соодветно да го адресира ова прашање, рече претседателот на ДИК.
Засега нема информации ниту од Министерството за правда ниту од партиите дали до распуштањето на Парламентот ќе има предлог за прекројување на изборните единици.
Изборниот законик предвидува бројот на запишаните гласачи во шесте изборни региони во Македонија да не отстапува повеќе од пет проценти. Според последните податоци на ДИК, во Шестата изборна единица запишани се 310.721 гласач и има отстапување од 5,28 отсто.– Надминувањето на прагот од +/- 5 отсто дефинитивно го доведува во прашање еднаквото право