Текстот објавен во Хил е добредојдена опомена до левата политичка опција во Македонија, за која сме сведоци дека веќе отворено води кампања на закани и физички напади до се поголем број медиуми со кои не е во состојба нормално да комуницира, што добро му е познато и на вашиот медиум, вели во изјава за КУРИР новинарот Цветин Чилиманов, кој беше дописник на државната агенција МИА од Вашингтон.Чилиманов вели дека разочарува што ваква порака не дојде од дипломатските претставништва во Македонија, кои со години наназад знаеа да прават сериозен случај од многу помали работи, а во континуитет молчат за физичките напади на приврзаниците на СДСМ врз медиумите, за заканите на лидерот на СДСМ до серија медиуми, и за скандалозниот предлог на СДСМ практично да се воведе партиска цензура со опција за казнување и затворање на медиуми кои нема да известуваат како што тоа посакуваат на Бихаќка.
– Но, ако молчат дипломатските претставништва во Македонија, односно не само што молчат туку и крајно еднострано финансиски ја помагаат медиумската кампања на СДСМ, секако дека нема да молчат нивните централи. Однесувањето на СДСМ стана до таа мерка силеџиско, што тоа не може да се сокрие од Брисел и Вашингтон, и се надевам дека оваа партија што поскоро ќе ја прими неопходната порака, вели Чилиманов.
Ваквата изјава на Чилиманов доаѓа откако вчера најеминентниот познавач на медиумската сфера во САД, Мајкл П. Михан, чии колумни се објавуваат во највлијателниот и најчитаниот весник во политичката јавност во Вашингтон, The Hill, дава голема поддршка за медиумите кои беа нападнати од Заев и силна ја осудува ваквата постапка на опозицискиот лидер.
-Додека повеќето граѓани очекуваат да видат ваков вид потиснување на медиумите во земји водени од репресивни режими, тоа што е неочекувано, и малку вознемирувачко, се настаните што се случуваат во прозападните нации. Македонија, на пример, е земја која некогаш била под влијание на советскиот блок, а сега е водена од премиерот Никола Груевски, кој е наклонет кон НАТО и Западот. Македонија е исто така кандидат за пристап во Европската унија. Но опозициската партија во земјата, СДСМ, е водена од Зоран Заев, кој е наследник на поранешната владејачка Комунистичка партија за време на Студената војна, пишува Михан во својата колумна.
Во почетокот на оваа недела, наведува Михан, Заев објави дека четири од седумте најголеми телевизиски станици и дневни весници, сите слободни медиуми кои не се во сопственост на СДСМ, се негови „најголеми непријатели“.
– Откако се соочи со серија критички напади, партијата на Заев го удвои облогот и издаде изјава во која ја нарекува сегашната медиумска клима во Македонија „катастрофална“. Коментарите на Заев рефлектираат темно време од скорешната македонска историја. Во почетокот на летото новинари од телевизијата „Сител“ и главниот и одговорен уредник на весникот „Вечер“ беа вербално и физички нападнати од членови на СДСМ додека известуваа од протестот пред македонското Собрание. Канцелариите на „Радио слободна Македонија“ беа уништени за време на истиот протест, пишува Михан во колумната за The Hill.
Инаку, The Hill e највлијателниот весник на политичкиот естаблишмент во Вашингтон . The Hill e најчитаниот весник цо политичката јавност во Вашингтон, го читаат сите конгресмени, сенатори, адмиистрација и останати политичари, чие влијание е огромно и важи за главен креатор на политичкото мислење во Америка.Чилиманов вели дека разочарува што ваква порака не дојде од дипломатските претставништва во Македонија, кои со години наназад знаеа да прават серио