Медиумот на главниот советник на Доналд Трамп, Стивен Бенон, ја отвори темата за активностите на Сорос во Македонија. Радио станицата на американската медиумска мрежа „Брајтбарт’ емитуваше интервју со Цветин Чилиманов од организацијата Стоп Операција Сорос, во кое своите милиони слушатели ги информираа за злоупотребите на американската финансиска помош во Македонија и активностите на организациите на Џорџ Сорос во Македонија. Чилиманов беше интервјуиран од Ли Странахан, водечки истражувачки новинар на агенцијата Брајтбарт.–Поранешната комунистичка партија во Македонија СДСМ практично веќе се има споено со широката мрежа на невладини организации финансирани од Џорџ Сорос. Десетици и десетици НВО организации делат приближно пет милиони долари годишно од Сорос, што е веројатно најмногу пари по глава на жител од било која држава во која Сорос е активен. Дополнително, тие добиваат дополнително уште неколку милиони долари од САД, главно преку организацијата УСАИД, како и од други амбасади во Македонија како британската или холандската, изјави Чилиманов.
Тој додаде дека при протестите организирани и поддржани од СДСМ и организациите на Сорос, насилниците за малку ќе ја запалеа канцеларијата на претседателот на државата, го нападнаа Министерството за Правда, се обидоа да упаднат во Владата и во Собранието и повредија десетици и десетици полицајци во насилни протести што ги организираа во изминатите две години.
–Дури го правеа ова, добиваа финансиска поддршка од американската амбасада која ја политизираше својата улога во Македонија, вели Чилиманов.
Новинарот на „Брајтбарт“ го отвори прашањето за видот на поддршка која американската Влада и го дава на мрежата на Сорос во Македонија.
–Во изминатите години УСАИД и американската амбасада им дадоа десетици милиони долари на групи формирани од Џорџ Сорос во Македонија. Притоа, нема ни приближно слична поддршка за конзервативни организации, што значи дека американската амбасада практично се стави во ситуација да помага една од страните вклучени во политичката и идеолошката борба во Македонија. Овие американски државни средства се исплаќаат на групи кои беа директно вклучени во организирање на насилни протести, кои ја напаѓаа полицијата и правеа се што можат да ја урнат конзервативната Влада во Македонија. Овие пари им се исплаќаат на разни организации и за разни проекти, при што дел одат за финансирање на лево ориентирани телевизиски програми и интернет страници, изјави Чилиманов.
–Една од организациите која добива државни пари се залага за менување на законите за абортус, додека други се ангажирани да промовираат левичарски политики во економијата. Организации формирани од Џорџ Сорос во Македонија кои добиваа американски средства работеа и на тоа да им помогнат на мигрантите да стигнат до Германија, со што ја продлабочуваа мигрантската криза“, изјави Чилиманов наведувајќи го списокот организации кои се дел од мрежата на Сорос во Македонија.
„Брајтбарт најави дека ќе продолжи да известува за активностите на Џорџ Сорос во Македонија и во источна Европа, и неговите обиди да донесе левичарски партии на власт, како и да го истражува финансирањето на невладините на Сорос со пари од американските даночни обврзници со што е извршена злоупотреба на овие средства.
За ова прашање свои истраги најавија и група американски конгресмени од Републиканската Партија, предводени од сенаторот Мајк Ли и конгресменот Кристофер Смит, кој побара и оставка од амбасадорот Џес Бејли.
„Брајтбарт“ е новинска агенција на чие чело до неодамна стоеше Стив Бенон, кој сега е именуван за главен политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, со што Брајтбарт се смета за медиумски канал кој е политички најблизок до Белата Куќа.
Бенон беше главен и одговорен уредник на „Брајтбарт“ од 2012 до 2016 година. „Брајтбарт“ е еден од првите позначајни конзервативни сајтови кој го поддржа Трамп во кампањата, уште во раната фаза. Бенон како уредник повеќе пати го интервјуираше Трамп за време на кампањата, а сега радио интервјуата ги води Ли Странахан.
Летото 2016-та година, Бенон го напушти „Брајтбарт“ и стана директор на кампањата на Трамп, по што сега е прв и најблизок советник на Трамп. Интервјуто со Чилиманов го спроведе токму Странахан, најблискиот соработник и пријател на Бенон од „Брајтбарт“
Лее Странахан и Бенон се пријатели долги години и најблиски соработници. Заедно имаат снимено 3 конзервативни документарци. Бенон беше на насловната страна на „Тајм“ магазинот пред 2 недели.–Поранешната комунистичка партија во Македонија СДСМ практично веќе се има споено со широката мрежа на невладини организации финансирани од Џ