Посетата на Хојт Ји може да биде почеток на крајот, оценува новинарот Цветин Чилиманов, дел од иницијата „Стоп операција Сорос“. Во политичкиот магазин „Кворум“ на РСМ тој посочи дека она што го прават тие добива голема поддршка и во сенатот и во конгресот.Јас со амбасадорот Бејли сум разговарал, сум разговарал и со негови помошници. Јасно им е дека се огрешиле во случајов, дека парите кои што ги давале за политички, чисто партиски цели во Македонија се директна злоупотреба на нивната функција. Сфаќаат дека времето им истече, гледаат дека предлог буџетот на Трамп предвидува тотално укинување на партите за политички поврзана помош. Тоа значи дека фондовите ќе пресушат, политичката поддршка ќе ја снема за ваков вид на злоупотреби, гледаме дека и начинот на кој се поставуваат албанските партии подолго време и сакаат и не сакаат и ваму се и таму се и тие разбираат дека состојбите во Вашингтон се менуваат и дека посетат ана Хојт Ји може да биде последен обид на оваа стара структура да ги промени рабоитите, но може да биде и почеток на крајот, вели Чилиманов.
Според него „Стоп операција Сорос“ вперила силно светло со помош на пријателите дома, но и надвор кон како што потенцираше тој систем на отворено американско мешање. Одреден ефект смета тој е веќе постигнат, но посочува дека е потребно тој да биде круснисан со целосна и јасна промена на надворешната политика на американската администрација кон Македонија.
Јас со амбасадорот Бејли сум разговарал, сум разговарал и со негови помошници. Јасно им е дека се огрешиле во случајов, дека парите кои што ги дава