Чипичаните од 90-тите повторно во мода

Во 90-тите тие беа основна играчка на сите деца. Чипичаните беа мали играчки кои ни овозможуваа да си чуваме виртуелно милениче. 
Оние чии мајки и татковци не им дозволуваа да чуваат вистинско маче или куче во домот, поседуваа чипичани и се грижеа секогаш своите миленичиња да бидат нахранети, искапени и наспани. 
Овој тренд се враќа во мода, но овој пат во сосема нов изглед. Доволно е само да поседувате паметен телефон, да имате таква апликација и можете да започнете со грижата на своето ново пријателче.
Компанијата Бандаи креира апликација за смартфони, во стилот на Тамагочи, во ретро-дизајн но и со нови опции, соодветни на денешните опции кои ги нуди технологијата.
Наскоро, оваа апликација ќе може да ја симнете од App Store и од Google Play. Со ова повторно ќе се вратите во детството иако мобилните телефони никогаш нема да ги заменат тие мали и слатки играчки кои беа најава за развојот на денешната технологија.  
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Во 90-тите тие беа основна играчка на сите деца. Чипичаните беа мали играчки кои ни овозможуваа да си чуваме виртуелно

Пронајдете не на следниве мрежи: