> Голем успех за ŠKODA Octavia, трета година по ред од страна на читателите на
“Auto, Motor und Sport” автомобилот беше прогласен за најдобар увозен автомобил во Германија
> Бестселер: ŠKODA Octavia ја зголеми продажбата и во 2015 година и беше забележан е раст од 11%
> Повеќенаменски модел: ŠKODA Octavia е на располагање во 13 варијанти
Читателите на автомобилскиот магазин “Auto, Motor und Sport” ја одбраа ŠKODA Octavia за најдобар автомобил од увоз во компактната класа и тоа трета година по ред. Со вкупно 18,1% освоени гласови, бестселерот на Škoda ја победи силната меѓународната конкуренција.
Изборот за најдобри автомобили за 2016 година според читателите на популарното списание е специјална награда за нас. Тоа се луѓето за кои ние развивме и произведуваме автомобили. Три последователни награди, се доказ дека Octavia е на вистинскиот пат. Награда „Најдобар Автомобил за 2016 година“ е признание за огромната посветеност на целиот ŠKODA тим. Тие работеа напорно на новата Octavia со цел да создадат посебен автомобил “, изјави извршниот директор на ŠKODA Бернхард Маер.
Во 2015 година во светски рамки кон клиентите беа испорачани повеќе од 430.000 автомобили ŠKODA Octavia. Со таа бројка забележан е раст од 11,1% во однос на претходната година. Речиси 58.000 од нив беа ново регистрирани во Германија.
По лансирањето на пазарот на ŠKODA Octavia RS 4 × 4 во ноември минатата година, во моментов од моделот се произведуваат вкупно 13 варијанти и сите се достапни на светските пазари. Од Економичната ŠKODA Octavia GreenLine преку Skoda Octavia 4 × 4 до најбрзата ŠKODA Octavia на сите времиња – Octavia RS 230.
Оваа година се одбележува 40-тото доделување на наградите според анкетата која ја спроведува реномираниот магазин “Auto, Motor und Sport“, на која читателите гласаат за најдобрите автомобили. Читателите избираа помеѓу вкупно 364 модели во единаесет категории. Со 18,1% освоени гласови ŠKODA Octavia триумфираше во категоријата компактни автомобили од увоз.
Читателите на автомобилскиот магазин “Auto, Motor und Sport” ја одбраа ŠKODA Octavia за најдобар автомобил од увоз во ко