Читателите на „Дневник“ денес го читаат за последен пат

Првиот приватен дневен весник во земјава, чиј прв број излезе на 20 март 1996 година, денеска се отпечати за последен пат.Од утре весникот повеќе нема да се печати, а згаснуваат и неколкуте електронски изданија коишто беа под капата на „МПМ“ – порталите „Телеграф“, „Утрински весник“, „Вест“ и „Теа модерна“. Од денеска над стотина медиумски работници во „МПМ“ останаа без работа.
Повикувајќи се на тврдења од вработените, дел од медиумите пишуваат дека весникот повеќе нема да се печати, на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, период во кој ќе бидат испратени „на одмор“, а  фирмата ќе оди во ликвадација.
Образложението кое им било кажано на вработените е дека фирмата не успеала да обезбеди кредит, неопходен за функционирање на весникот и за исплатата на обврските.
Пред еден и пол месец исто така престанаа да се печатат дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“, поради лошата финансиска состојба на фирмата.Од утре весникот повеќе нема да се печати, а згаснуваат и неколкуте електронски изданија коишто беа под капата на „МПМ“ – портали

Пронајдете не на следниве мрежи: