Читателите на роденденска средба со Ана Бунтеска Книга, вино и торта

Годинава Саемот на книгата „Книга во секој дом“ во организација на Клуб Матица започна на 20ти јануари и ќе трае до 31ви јануари. Во изминатите денови младите и веќе докажани автори, Вера Калин и Ксенија Николова, се дружеа со посетителите, членовите и читателите. Ваквиот начин на комуникација автор-читател, придонесува за зголемување на меѓусебната доверба, а од секоја средба авторот добива дополнителен мотив и инспирација да продолжи со нови наслови и приказни.Денес, 23.01.2017, во 18.00 часот реномираната писателка, Ана Бунтеска, во Клуб Матица ќе ги потпишува своите „Стави лајк на сопствениот живот“ и најновата „Колку е потребно за среќа“. Точно четири месеци по претпремиерата на „Колку е потребно за среќа“ и на денот на нејзиниот роденден Бунтеска ќе ги сподели зборови и чувствата од своите дела лично со читателите. Ана со години придонесува кон збогатувањето на културниот живот кај нас, со пренесување на емоциите што се дел од секојдневието и реалноста, емоции и чувства што допираат до се повеќе читатели. Во поканата за денешниот настан искористени се делови од носечката песна „Колку е потребно за среќа“
„колку треба за да ти игра срцето
и очите со смеа да ти се наполнат
колку е потребно да му се насмееш на денот
та да си читаш навечер кога тивко е
и со книжулето под перница да спиеш…“
Покрај дружењето со Бунтеска во следните денови, читателите ќе имаат можност да се сретнат и со другите млади писатели, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.
Покрај домашните автори, на Саемот понудени се и најновите остварувања на светски познатите Баркли, Каризи, Рајли, Љоса, Зафон, Лејкер, Ноухаус, Содерберг, Сарамаго, Кобен и други.
Саемот „Книга во секој дом“ секоја година го посетуваат повеќе од 30.000 посетители, а покрај во Скопје, љубителите на книгите ќе уживаат и во книжарниците во Охрид, Струмица, Штип, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Струга, Гостивар, Неготино, Делчево, Кочани и други градови.
Читањето е феномен на масовната комуникација.
Книгата е пријател, инспирација и учител.
КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ
читај, патувај, откривај, истражувај…Денес, 23.01.2017, во 18.00 часот реномираната писателка, Ана Бунтеска, во Клуб Матица ќе ги потпишува своите „Стави лајк на сопств

Пронајдете не на следниве мрежи: