Цитати по кои што ќе го паметиме Габриел Гарсија Маркес

Габриел Гарсија Маркес е колумбиски книжевник, чии приказни за копнежот и љубовта ја внесоа Латинска Америка во животите на милиони читатели ширум светот и го ставија магичниот реализам на мапата на книжевноста. Овој великан почина во четвртокот, во 87-та година од неговиот живот.Станува збор за книжевник кој зад себе има оставено огромно книжевно наследство. Кариерата ја започнал како известувач за весник, за подоцна да се развие како писател и автор на ремек делото „Сто години самотија“, роман за кој добива Нобелова награда за книжевност во 1982 година.
Ова се неколку негови мисли кои ќе ви покажат колку всушност Маркес бил прониклив уметник:
„Во животот не е важно она што ќе ви се случи, туку она на што ќе се сеќавате и начинот на кој што ќе го паметите.“
„Не е вистина дека луѓето престануваат да ги следат своите соништа затоа што остаруваат, туку остаруваат затоа што престанале да ги следат своите соништа.“
„Никој не ги заслужува твоите солзи, а оној кој навистина ги заслужува никогаш нема да те расплаче.“
„Вистински пријател е оној кој што те држи за раката, а го допира твоето срце.“
„Лагата е поудобна од сомнежот, покорисна од љубовта, потрајна од вистината.“
„Проблемот со бракот е што завршува секоја вечер по водењето љубов, а мора повторно да се изгради секое утро пред појадокот.“
„Лудите луѓе не се луди ако ја прифатите нивната логика.“
„Староста нема врска со тоа колку години имаш, туку колку старо се чувствуваш.“
„Станав свесен дека невозвратената и несреќна љубов е небопедлива сила која што го движи светот.“
„Не, не сум богат. Јас сум сиромав човек со пари, што не е иста работа.“
„Оној кој многу исчекува, може малку и да очекува.“
„Личноста не умира кога би требало, туку кога може.“
„Сексот е утеха кога не можеш да ја имаш љубовта.“
„На своја голема радост открив дека животот е тој што нема граници, а не смртта.“
„Ниту еден лек не го лечи она што радоста може да го излечи.“
„Слободата често е првата жртва на војната.“
„Мудроста ни доаѓа кога веќе немаме никаква корист од неа.“Станува збор за книжевник кој зад себе има оставено огромно книжевно наследство. Кариерата ја започнал како известувач за весник, за подоцна да се

Пронајдете не на следниве мрежи: