Најубавите работи во светот, често се наједноставните. Таков е и случајот со слатките, а ова е дефинитивно еден од таквите од кои нема да можете да се заситите!Овој превкусен десерт не содржи овошје, како што обично се прави чизкејк. Затоа е многу поедноставен за подготвување.
Состојки:
– Подлога од лиснато тесто
– 500 г крем сирење
– 1 јајце
– 1 шолја шеќер
– 1 лажица екстракт од ванила
– 2 лажици цимет
Подготовка:
Додека ги мешате состојките, загрејте ја рерната на 180 степени. За тоа време во чинија измешајте го крем сирењето со миксер, додека смесата не стане кремаста. Додадете половина шолја шеќер, јајце и ванила и продолжете да матите.
Развлечете го лиснатото тесто да биде тенко и поделете го на два еднакви дела на површина на тепсијата во која ќе го печете колачето.
Во помал сад помешајте го останатиот шеќер со цимет и половина од смесата посипете ја на дното на тепсијата. Преку неа ставете една кора тесто, на неа раширете ја смесата од крем сирењето, прекријте со друга кора и посипете ја другата половина од мешавината од шеќер и цимет.
Ставете во рерна, печете половина час, потоа оставете да се олади, исечете на коцки и УЖИВАЈТЕ!
Погледнете за подетални инструкции:Овој превкусен десерт не содржи овошје, како што обично се прави чизкејк. Затоа е многу поедноставен за подготвување.
Состојки: