Горан Костовски (Чизкејк) е најобичен манипулатор!

Горан Костовски (Чизкејк) еден млад господин кој го претставуваат како носител на мрежата „Бојкотирам уставни промени„ и кој синоќа беседеше на протестот, вечерва напишал коментар дека за наша жал синоќешниот протест не бил организиран од ВМРО, туку целиот народ синоќа дошол од ептен големата популарност на Солза Грчева, Тодор Петров, Љупчо Палевски…
Ајде да ја разјаснам и ова тешка манипулација на овие наменски и веќе здодевни агитатори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски му дава ветување на Бејли дека нема да ги блокира уставните промени, но, во јавноста ќе глуми несогласување. За таа цел, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ дава наредба до општинските комитети за доаѓање на членови на ВМРО-ДПМНЕ на протестот со што се манипулира членството дека партијата е против уставните измени и членството да биде во кондиција оти и навистина членството на ВМРО во голем број е против бришење на се што е македонско. Мицковски со неговата двојна улога и навистина е на тешка мака! Што е поинтересно, општински претседатели на ВМРО-ДПМНЕ се јавуваат на голем број општински претседатели на Единствена Македонија со кои имаат одлична соработка по општините за заедничко организирање на што повеќе луѓе и автобуси за Скопје.
Значи, во најголем дел, луѓето синоќа беа организирани до Скопје. И за каква популарност зборуваат фејсбук партиите на Грчева и Палевски кои патем се во режија на ВМРО-ДПМНЕ околу потребните потписи на нотар за регистрација или СМК на Тодор Петров!?
Се разбира, не мора да ми верувате на кажаното, но, еве уште еден неспорен факт. Синоќа Грчева, Петров, Палевски… во еден глас од бината извикаа дека од утре почнувале со жестоки и масовни блокади на булевари во Скопје. Но, еве дојде утрото и видете на фотографијата колку масовно вечерва блокираа!
Лага е и информацијата што се врти по социјалните мрежи дека автобусите и бината ги платиле ВМРО-ДПМНЕ. Тие беа платени од нашинците во Канада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.