Како што може да се забележи од фотографиите Чизкејк, човекот што им ја хакирал страната на Бојкотирам се пофалил дека бил во кампот на МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА. Пусти мерак за берење лајкови. Ама на туѓ грб. Измрзнаа таму луѓето една цела недела а Тодорпетровци и Палчовци никаде ги нема. Имаше температури во ноќите и од минус 7. Пола се испоразболеа и настинаа а сега на Чизовци им текнало дека биле во кампот. Дошол некој и ги сликал од страна луѓето на МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА… Најобична манипулација. Исто како што беше манипулација дека ќе протестираат. Никаде ги нема после 18 ноември, скоро 20 дена. Можеби дека нема партиска наредба од „белата палата“ која ги донесе луѓето со автобуци на тој митинг на Тодорпетровци.
Проследете ги подолу реакциите на луѓето кои ја проѕреа манипулацијата.