Чкембарите на својот Фејсбук профил го објавија своето обраќање до нивниот претседател и ФФМ.
„Претседниче, искрено од сите Чкембари, а и сите обични навивачи на Пелистер ви испраќаме апел, да ги превземите сите можни активности да се презакаже дербито за овој викенд. Тоа го посакуваат и од другата страна, а ова е и за доброто на целиот фудбал во Македонија посебно за Битола.
Грев е за целокупниот македонски фудбал ваков натпревар да се изигра пред 2000/2500 навивачи“.
Со истиот аргумент тие се обратија и до ФФМ да ги разгледа можностите и да направат напори за да може ова дерби да се изигра викендот што следува.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Чкембарите на својот Фејсбук профил го објавија своето обраќање до нивниот претседател и ФФМ.