Авдил Јакупи, познат како командант Чакала му испрати отворено писмо на претседателот на Владата, Зоран Заев.Преку ова писмо, тој бара од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело кое што тврди дека не го направил, пренесуваат албанските медиуми.
-Почитуван Премиер, Зоран Заев, целосно сум невин. Али Ахмети, Фатмир Дехари, но исто така командандантот Хоџа знаеа добро кој ги поставил мините, но не реагирале. Јас бев незаштитен и наместен од Зоран Верушевски, само затоа што бев дел од УЧК. Бев осуден на 22 години казна затвор, сега веќе 14 ги завршив, напишал тој во писмото кое го пратил до новинската агнција ИНА.
Јакупи е обвинет дека го минирал возот на релација Атина-Београд, како и додека бил во бегство киднапирал двајца македонски полицајци, информира новинската агенција ИНА. За ова дело се казнува со 15 години и 7 години за тероризам, вкупно 22 години затвор.Преку ова писмо, тој бара од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело кое што тврди дека не го направил, прене