Откако се одржа средба со претставниците на најголемите политички партии за да се спроведат неколку точки од Пржинскиот договор, повторно заживеа надежта дека наскоро наближува крајот на политичката криза во земјата.Олеснувачите од странство изразија надеж и оптимизам дека Македонија се движи на вистинскиот пат и дека наскоро би можеле да се одржат избори со кои ќе се прекинат политичките превирања.
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА се сложија дека е крајно време да се реши проблемот, за да не трпат граѓаните и државата од секој аспект на животот.
Одржувањето на избори е неизбежна компонента за понатамошен развој и просперитет на Македонија, а резултатите, судејќи по испитувањата на јавното мислење на граѓаните – се во корист на актуелната партија што се наоѓа на власт.
Поголем дел од експертите се сложуваат дека одложувањето на кризата оди во корист на СДСМ, а на штета на државата. Слично е со изборите бидејќи без каприците и негодувањата на Зоран Заев, досега имаше повеќе можности да се стави крај на дилемата за тоа кој влева доверба кај народот.
Во соопштенијата за јавноста, оваа партија е позната по агресивниот пристап и напаѓачкиот карактер кон активностите на власта, а не изостануваат и спинувањата со кои се прават обиди за саботажа на секоја можна шанса за Македонија да се прикаже во најдобро издание пред светската јавност.
Од партиски извори на СДСМ дознаваме дека младината на оваа партија е огорчена. Пред сѐ ова е поради нивните аспирации да ја напуштат земјата, но тешко дека некаде од страна би примиле луѓе кои порадо би биле на улица отколку на работното место и заслужено да го спечалат парчето леб. Во светот важат поинакви правила, а снобизмот не е дел од просечниот живот на младиот човек.
Бидејќи Македонија одамна не е во златната ера на снобовите и спроведува мерки со кои на сите ќе им се даде подеднаква шанса да се искажат со вештините, СДММ реши да паузира со молерисувањето и да го признае поразот.
Имено, денеска беа забележани група активисти на СДММ како поставуваат транспарент на кој стои дека ќе опозицијата ќе изгуби на избори.
„Да, им помогнав на моите сопартијци да го постават транспарентот. Смачено ми е да гледам како постарите партиски кадри имаат викендици и одат на одмори повеќепати годишно, додека нам ни даваат текстови со лажни информации што мораме да ги читаме пред новинарите“ – вели еден од нив.
„Не ми е јасно како можеа моите цимери да ги сместат на листата млади кои мигрирале од земјата, кога преку агенција за посредување на работа во странство заминаа да работат во Америка и се вратија по неколку месеци. Знаев дека нешто не е во ред со статистиката и одлучив да ставам крај на лагите. Многу лажеме, затоа и ќе изгубиме на избори“ – се надоврза друг активист кој сакаше да остане анонимен.
* Целта на „Бавча“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.Олеснувачите од странство изразија надеж и оптимизам дека Македонија се движи на вистинскиот пат и дека наскоро би можеле да се одржат избори со ко