Дел од членовите на УПОЗ кои сметаат дека реизборот на Пецо Грујовски за претседател на оваа синдикална организација е нелегитимен денеска повторно се обратија до техничката министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски затоа што дала легитимитет за изборот на Грујовски, а со тоа е дуректен учесник во кршењето на Законите во Р. Македонија. Според нив Ременски го крши законот и ја поддржува незаконската работа и криминалот на досегашниот претседател на УПОЗ.Игор Миќев од УПОЗ на прес конференција од пред Министерството за труд и социјална политика информираше дека досега во неколку наврати и укажале на техничката министерка Ременски за нерегуларниот избор на претседател на УПОЗ, при што и биле доставени и писмени докази со кои се докажуваат прекршувањата направени од страна на Пецо Грујовски.
-Министерката наместо да го искористи Законското право и да не го потпишува решението( Известувањето до Централниот регистар на Р. Македонија ) за запишување во регистарот на Синдикати, поточно да не врши упис на лицето за застапување на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, како и да не испраќа известување до Централниот регистар на Р.М, бидејќи за негов избор не е спроведен постапка согласно Статутот кој според Законот за работни односи член 188, е највисоко документ за уредување на правата на членовите на еден синдикат, министерката Ременски одлучи да даде легитимитет и да биде учесник во кршењето на Законите во Р. Македонија, истакна Миќев.
Членовите на УПОЗ сметаат дека техничката министерка Ременски наместо да го штити Законот, таа се однесува лицемерно и го подржува лицето Пецо Грујовски кој го украде демократското право на глас на Членовите на синдикатот на УПОЗ.
-Министерката не упатува на судски спор, а таа како најодговорна за чување на Демократските процеси во ваквите институции како што е Синдикатот се прогласува за ненадлежна, а од друга страна знае дека се прекршени сите демократски начела на спроведување на избори со Синдикатите што и самата го констатира. Наместо да го штити Законот за работни односи , потпишува известување до Централниот регистар на Р. Македонија, рече Миќев.Игор Миќев од УПОЗ на прес конференција од пред Министерството за труд и социјална политика информираше дека досега во неколку наврати и укажале на