Незадоволството од политиките на лидерот на СДСМ, Зоран Заев е во својата кулминација. Не само граѓаните, кои гледаат што Заев и прави на државата и многу поважно што планира да направи во иднина, туку и членовите на опозицијата се незадоволни од лидерот пишува „Журнал“.Како што дознава „Журнал“, неодамна се случила средба во затворен круг преку координација на незадоволни членови на опозицијата. Тие се незадоволни од тоа во каква насока оди СДСМ и во што се претвори партијата под влијание на соросовата доминација и слабиот капацитет на Заев да ја води партијата.
На средбата се кажувале шеги на смета на Заев, а паднале и предлози за тоа што ќе се прави по изборите. Присутните најмногу се смееле на предлогот на Дејан Тодоровски, советник на СДСМ, кој сметал дека Заев треба да се врати во Струмица. Игор Ивановски рекол дека нема нормален човек кој што би ја одбрал СДСМ, знаејќи дека Вице-то и еден куп криминогени структури се зад Заев. Свесни се, додал тој, дека кога тогаш тие структури ќе наплатат за „лојалноста“.
Исто така шеговит бил и Јани Макрадули кој рекол дека едвај чека Радмила Шеќеринка во знак на протест од поразот кој им следи, да не ја признае новата колекција на Шанел.
Од друга страна, Шиповиќ им бил лут бидејќи сметал дека калкулирале со неговата судбина, додека пак, Андреј Петров по средбата се видел со Бранко Црвенковски.
Зборел дека е жално што на сите им е јасно дека СДСМ не е алтернатива за ВМРО-ДПМНЕ и дека народот не смета дека СДСМ ќе бидат подобри од ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив. Заклучил и дека за таквиот рејтинг е крив Заев и „багажот“ кој го носи со себе но и неговото деструктивно работење со кое веќе ја преминал границата на нормалното.
Извор: ЖурналКако што дознава „Журнал“, неодамна се случила средба во затворен круг преку координација на незадоволни членови на опозицијата. Тие се