Чоколаден мус со две состојки кој ќе ги разбуди вашите сетила!

Направете превкусен чоколаден мус…За да го подготвите овој вкусен десерт потребни ви се само четири јајца и сто грама чоколадо за готвење.
Чекор 1: Изматете ги белките од јајцата за да добиете густ шлаг.
Чекор 2: Стопете го чоколадото – ова можете да го сторите на рингла или во микропечка.
Чекор 3: Измешајте ги жолчките во стопеното чоколадо. Внимавајте жолчките веднаш да ги измешате, зашто, во спротивно, доколку не го сторите тоа веднаш, од топлината на чоколадото може да се случи жолчките да почнат да се стврднуваат и да не успеете да добиете хомогена мешавина.
Чекор 4: Измешајте ја мешавината од жолчките и чоколадото со белките. За ова можете да употребите и миксер, иако некои претпочитаат тоа да го прават полека и рачно, за да не им спадне шлагот од белките.
Чекор 5: Сипете го мусот во садови што сте ги избрале за послужување и ставете ги во фрижидер. Густината на мусот постепено ќе се зголемува со ладењето.
Можете да додадете и какао за да го зајакнете чоколадниот вкус, но можете да експериментирате и со разни ликери, сечкани јаткести овошја и други состојки по ваша желба.За да го подготвите овој вкусен десерт потребни ви се само четири јајца и сто грама чоколадо за готвење.

Пронајдете не на следниве мрежи: