Чоколаден протеински шејк кој го намалува чувството на глад

Ова млечно смути можете да го консумирате дури и ако сте на диета. Тоа е едноставно за припрема и лесно е сварливо, а сигурно ќе ја задоволи и вашата дневна потреба за слатки.Кој вели дека чоколадото е забрането за оние кои се на диета? Со цел да ги намалите калориите без да гладувате, испробајте го овој вегански рецепт за чоколаднен протеински шејк од само 350 калории. 
Само една чаша од овој вкусен напиток содржи 22 грама протеини и 10 грама влакна кои се главната причина поради која овој оброк сигурно ќе ве “држи” до ручек.
Чоколадното смути е совршен оброк по утринскиот тренинг. Сè што ви е потребно за припрема на овој напиток е блендер и неколку здрави состојки.
Рецепт за веганско чоколадно смути:
Потребни состојки:
• ½ пакување меко тофу
• 2 лажици какао во прав
• ½ банана
• 30 гр. малини
• 2 шолји спанаќ
• половина шолја ленено семе
• една шолја соино млеко со вкус на ванила
• неколку коцки лед
Начин на подготовка: ставете ги состојките во блендер и миксирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Вака подготвеното смути можете да го консумирате во било кој дел од денот.Кој вели дека чоколадото е забрането за оние кои се на диета? Со цел да ги намалите калориите без да гладувате, испробајте го овој вегански рецепт

Пронајдете не на следниве мрежи: